Започна петтото издание на програмскиот маратон „Кодфест“

„Кодфест“ го прославува својот петти јубилеј. Овај програмски маратон на технологијата и иновациите, им овозможува на младите програмери да го покажат својот креативен дух. Во натпреварувачкиот дел во програмирање се пријавени 27 тимови од регионот поделени во три категории од кои на крај на фестивалот ќе се доделат и награди.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Започна петтото издание на програмскиот маратон „Кодфест“. Ова е настан што ја прославува технологијата, иновациите, креативниот дух на младите програмери, а отвара и нови можности за формирање технички трговски друштва и мали бизниси од областа на технологијата, истакна Јасна Тренгоска, коосновач на манифестацијата.

Настанот е осмислен како своевидна мотивациска платформа каде младите луѓе од Македонија и регионот можат да започнат и развиваат свои бизнис-проекти, при што ќе имаат можност да црпат знаења и искуства од врвни експерти и професионалци од целиот свет кои се присутни тука, рече Тренгоска.

Оваа манифестација е подржана од Фондот за иновации и технолошки развој кој на младите иноватори им нуди финансиска помош за разработување на нивните иновативни идеи.

Доделуваме 1,45 милиони евра на 25 компании од кои очекувамебарем 15 да бидат „стрт ап“ млади компании на иновативни решенија. Ова е трета година како доделуваме поддршка и се надеваме дека ќе има добри апликации на повикот кој е отворен до 3ти мај, рече Јасмина Попоска, директорката на Фондот.

Во фестивалската програма предвидени се повеќе предавања и интерактивни активности. Ќе има и посебен Бизнис експо дел на кој ќе се престават десет компании од областа на информатичката технологија и програмирање како и „старт ап“ компании за млади програмери. На 8ми април ќе се одржи натпреварувачкиот дел во програмирање на кој се пријавени 27 тимови од регионот поделени во три категории. Тие во текот на 32 часа ќе разработуваат иновативни идеи и програмски прототипи по што ќе следува прогласување на победниците.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top