Ознака: градоначалник

protest

Жители од струшките села протестираа пред локалната во Струга, се жалат на немање струја, вода и неисчистени патишта

Post Views: 7 Повеќе жители на Делогожда, Подгорци и дел од другите села во струшката околина денес протестираа пред зградата на локалната самоуправа во Струга. Тие го изразија својот револт поради ситуацијата во која се нашле по обемните врнежи од снег во целиот југозападен регион. Денес со транспаренти во рацете се пожалија на катастрофална состојба на патиштата, недостаток на вода, струја како и лошо менаџирање со општината. Членови од иницијативниот одбор за протестот, кои за жал немаа преведувач на македонски јазик, поставија неколку барања до градоначалникот на Струга, Зијадин...

Continue reading

Поставете прашање за кандидатите за градоначалник на Охрид

Post Views: 1 Почитувани сограѓани, ТВМ телевизија ќе реализира дебатна емисија со кандидатите за градоначалник на Охрид. За таа цел, а во интерес на сите охриѓани, ве повикуваме да поставите прашања за кандидатите, со пополнување на нашиот повик. Ќе се обидеме вашите прашања да бидат одговорени во дебатната емисија, која ќе се емитува на 15-ти октомври, на последниот ден од првиот круг на изборната кампања  за Локални избори 2021. iFrameResize({}, '.webform-share-iframe');

Continue reading

sadik

Синот на возачот на автобуси, сега е градоначалник на Лондон

Post Views: 8 Садик Кан стана првиот муслимански градоначалник на Лондон, кој е всушност, Садик Кан? Скромни почетоци  Кан (45) бил роден на југот од Лондон. Неговиот татко од Пакистан бил возач на автобус, а неговата мајка била шивачка. Тој пораснал со седум браќа и сестри. Кан за време на изборната кампања изјавил дека се кандидирал за градоначалник бидејќи сакал „сите лондончани да ги имаат можностите кои градот ми ги даде мене“. Адвокат за човекови права  Кан студирал право на универзитет во Лондон и работел како адвокат за човекови права повеќе од една деценија. Тој станал најмлад...

Continue reading

spomenik revolucija

Нов изглед на струшкиот плоштад и реконструкција на Споменикот на револуцијата-дел од плановите на градоначалникот Села

Post Views: 1 Реконструкција на струшкиот плоштад со зачувување на „Споменикот на револуцијата“ се дел од плановите на градоначалникот на Струга, Зијадин Села. Состојбата во која се наоѓаат истите години наназад, бараат што е можно побрза реакција од страна на локалната самоуправа од Струга. Градоначалникот Села смета дека стружани заслужуваат едно убаво решение како градски плоштад во кое сите граѓани ќе можат да уживаат. „Сакам еден друг поглед да дадам на центарот на градот. Да не е ова што е, да имаме еден добр објект, добар плоштад, а не вака, да имаме еден плоштад кој е запоставен...

Continue reading

ОИК МУ ГО ВРАЧИ УВЕРЕНИЕТО НА НОВОИЗБРАНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК КОНСТАНТИН ГЕОРГИЕСКИ

Post Views: 6 Константин Георгиески, од денес и официјално ќе раководи со општина Охрид во текот на наредните две и пол години. Уверението за извршување на градоначалничката функција на новиот градоначалник денеска му беше врачено од страна на претседателот на ОИК, Климент Камнароски, во присуство на сите членови од комисијата. Георгиески рече дека од денес е градоначалник на сите граѓани на Охрид, независно од нивната политичка, верска, етничка или национална припадност. „Оваа прилика ја користам да им се заблагодарам на сите граѓани кои гласаа за мене и уште еднаш да им ветам и...

Continue reading

Константин Георгиески е новиот градоначалник на Општина Охрид

Post Views: 1 Според официјалните резултати објавени од Државната изборна комисија, со освоени 16.523 гласови, односно 54,36% од избирачите, д-р Константи Георгиески, како кандидат на СДСМ и коалицијата и официјално е новиот градоначалник на Охрид. Георгиески на вчера одржаниот втор круг од предвремените избори за градоначалник, ја добил поддршката од 16.523 граѓани на Охрид или 54,6 отсто од гласовите на граѓаните, односно 3.855 гласа повеќе од неговиот противкандидат од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Митре Милошевски за кого гласале 12.668 лица или 41,68 отсто од граѓаните што вчера излегле...

Continue reading

Мерки за модерно и современо образование дел од изборната програма на кандидатот за Градоначалник од ВМРО ДПМНЕ, Митре Милошевски

Post Views: 3 Програмата „За убав град“ предвидува воведување на едносменска настава. На тој начин во голем дел ќе се постигне синхронизација на работното време на родителите, со времето на учениците поминато во училиште, кажа Милошевски. Компатибилно на овој проект, Милошевски уште еднаш го спомна проектот, „Бесплатна здрава храна за ученици од I-V одделение, со кој децата ќе добиваат редовни и здрави оброци на училиште. „Иницијативата за отварање на средно ликовно и музичко училиште, бесплатен превоз 24 часа за сите ученици од основното и средно образаование. Развивање на прептриемачки...

Continue reading

ТВМ ТелевизијА: Дебата на кандидатите за градоначалник на Општина Охрид, за вонредните локални избори 2019

Post Views: 1 Во последната недела од изборната кампања за вонредните локални избори, оваа среда 17 април, ексклузивно на ТВМ ТелевизијА, дебатна емисија со четворица од кандидатите за градоначалник на Охрид. Др. Константин Георгиески – СДСМ и коалицијаДр. Митре Милошевски -ВМРО-ДПМНЕ и коалицијаМихаил Трендафилов Нанче – ГДУ-дипл. инжСтевче Стевоски – Демократи -дипл.криминалист 17:00 часот, екслузивно на ТВМ ТелевизијА, слушнете ги нивните визии за Охрид и можните решенија на проблемите кои ги мачат охриѓани.

Continue reading

ТВМ во домот на Митре Милошевски, кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ,

Post Views: 4 Познатиот неврохирург Митре Милошевски родум е од село Битуше, високо на Кораб планина. Татко му Перо  бил учител , а мајката Јованка  работничка, па се доселиле во Охрид. Детството го минал во градот под Самоиловата тврдина,  тука завршил основно и средно образование, а потоа заминал на медицинскиот факултет во Скопје,  кој го завршил во рекордно време. Првото вработување му е во близина на родното место, во Здравствениот дом во Ростуше, но набрзо се вработува во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија Свети Еразмо , каде се уште работи, цели триесет години....

Continue reading

Партијата „Демократи“ го претстави кандидатот за градоначалник на Охрид

Post Views: 13 Политичката партија „Демократи“ денес го претстави својот кадидат за градоначалник на Охрид. Претседателот на партијата Јорго Огненоски, на денешната прес конференција кажа дека Стевоски кој 30 години се бори против криминалот е вистинскиот избор за прв човек на Охрид. Охрид наместо да станува поубав град тој е во се полоша состојба изминативе две децении додека на власт се менуваат две политички опции во државата, смета Огненоски. „Нашиот кандидат г-дин Стевче Стевоски, за којшто можам слободно да кажам дека охриѓани кога ќе го изберат, за градоначалник на Охрид, ќе...

Continue reading

Кандидатот за градоначалник од редовите на Граѓанско Демократска Унија, Михаил Трендафилов-Нанче, се сретна со жители на урбаната населба Видобишта

Post Views: 1 Граѓаните се пожалија на тоа што улиците „Прва македонска ударна бригада“, „Ристо Чадо“, „Андреј Јовановски“, „Марко Нестороски“ и „Марко Цепенков“ треба да се асфалтираат. Постарите жители побараа клупи и катчиња за одмор. Михаил Трендафилов-Нанче им објасни на луѓето дека проблемите не можат да се решат со магично стапче, но им вети дека со домаќинско и одговорно работење истите можат да се решат чекор по чекор. Нанче ги праша граѓаните дали се задоволни од начинот на кој се раководат нивните пари, алудирајќи на тоа дека никој не знае како се направени долговите на...

Continue reading

Константин Георгиески ја стартува изборната кампања за градоначалник на Охрид

Post Views: 7 Константин Георгиески, кандидат за градоначалник од редовите на СДСМ во своето прво обраќање пред охриѓани потсети на пријателството, спомените и заложбите на Јован Стојаноски кој прерано замина од градоначалничката функција. Почувствував голема морална обврска и мотив да ги вложам сите мои човечки капацитети, сето мое искуство и време за да се борам и да го продолжам она што го започнавме заедно за доброто на Охрид и за доброто на охриѓани, истакна Георгиески кандидат за градоначалник на Охрид. Мојата предизборна програма е базирана на реални основи и проекции за остварливи...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top