ТВМ во домот на Митре Милошевски, кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ,

Јас го доживувам Охрид како нераскинлив дел од себе и не можам да бидам нем набљудувач на она што се случува околу мене, вели 55 годишниот доктор Митре Милошевски. Медицината и Хипократовата заклетва во семејството Милошески се пасија. Покрај за професијата , за ТВМ Телевизија, Кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ зборува и за приватниот живот.

 |   | 

Познатиот неврохирург Митре Милошевски родум е од село Битуше, високо на Кораб планина. Татко му Перо  бил учител , а мајката Јованка  работничка, па се доселиле во Охрид.
Детството го минал во градот под Самоиловата тврдина,  тука завршил основно и средно образование, а потоа заминал на медицинскиот факултет во Скопје,  кој го завршил во рекордно време. Првото вработување му е во близина на родното место, во Здравствениот дом во Ростуше, но набрзо се вработува во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија Свети Еразмо , каде се уште работи, цели триесет години.
Медицината и Хипократовата заклетва во семејството Милошески се пасија. 55 годишниот  доктор  е среќно оженет со лекарка  интернист Валентина Милошеска. Имаат две деца, ќерка и син и двајцата млади доктори, ќерката Моника по стапките на тато – невролог,  а синот Петар работи во истата болница но се уште  специјализира  ортопедија. Најголемата радост во семејството е внуката Ирина, таа е инспирација и мотив за мир и хармонија.
„ Ете така се посветивме цело семејство.  Ќерка ми е мажена и од неа имаме нешто што е највредно внука Ирина. Целото слободно време го посветуваме на неа, ако има лек за душата тоа биле внуците еве вака искрено да ви кажам На сите искрено му пожелувам да имаат внуци и така да им се исполни животот Тоа е еден круг една алка која без внук или внука не постои. Во семејсвото е и мојата мајка си остана ете со мене. 80 годишна жена прилично бистра како еден чувар ни е во куќата и се комплетиравме како едно семејство“, вели Милошевски.
Живеат во куќа над Стобекс , со убаво уреден двор, топло хармонично гостољубиво семејство,    расположен и насмеан докторот  не пречека и домаќински не почести со домашна ракија. Милошески вели среќен го  прават неговите задоволни пациенти.
„Чудно, но среќен ме прави туѓата среќа. Здравјето на луѓето ме прави многу среќен. Кога луѓето ми кажат еве подобро ми е. Ме прави среќен кога луѓето ме препознаваат. Ме прави среќен успехот на семејството,  успехот на моите деца, најмногу ме прави среќен внуката од неа ми доаѓа неверојатна сила“, вели Милошевски.
Тешки напорни амбулантски денови со по четириесеттина пациенти дневно,  дежурства и операции од две до три неделно. Се секојдневие за мирниот и спокоен доктор,  кој понекогаш знае да повиши тон,  но веднаш потоа да се насмевне и да се извини.
„Пробувам да бидам мирен, тивок , да не бидам избувлив некогаш емоциите ќе те  поведат гужви пацинети има секакви луѓе можеби ќе пуштиш глас да се подразвикаш а после тоа ми е три дена криво и гледам тоа да не се случува. Пробувам тивјко да одговарам на работите пробувам луѓето да ги разуверам особено во здравствените навики“, вели Милошевски.
Омилен филмски жанр му е научна  фантастика. Се опушта во својата работна соба читајќи  книги надвор од медицината, ужива во делата на   Толстој.
„Многу сакам Толстој да го читам. Тој ми е омилен автор. А негова книга можеби не сте ја слушнале се вика „ Пат во животот“ тоа е една интересна книга која има собрани мисли од различни религии со доминантност на православната вера. Меѓутоа Толстој настапува критички и таа книга е ретка ја има во 3000  примероци и не е преведена на македонски јазик. Има прекрасни мисли “, опишува Милошески.
Ги поминал речиси сите континенти освен Африка, каде сака да оди и Австралија, која  го растажува и потсетува на печалбарската македонска мака.  Градови кои му се врежале во срцето се Прага, Виена и Њујорк.
„Најомилена земја ми е Чешка, а град  Прага. Сум бил пет пати на едукација на учење на дообука има одлична медицина Чешка. Кај што лекарите се многу релаксирани и имаат се што им треба. Исто и Виена сум бил три пати и прекрасен град.  Град кој го обожувам е Њујорк и ден денес ми се во умот светлата од Тајм свер и Бродвеј. Многу имам шетано но од дома поубаво нема. Кога ќе ми помине таа убава недела нешто ме стега во душата и сакам да се вратам дома “, појаснува Милошевски.
Во минатото хоби му било свирење хармоника, денес нема време за тоа. Сака да пешачи, да планинари или да вози велосипед во природа. Охрид за него е божева убавина, место кое никогаш не би го напуштил и место каде сака да ја гради иднината на неговите деца и внуци.
„Јас го доживувам Охрид како дел од себе нераскинлив дел од мене и неможам да гледам што се случува со Охрид а јас да бидам нем набљудувач и да речам така треба да биде.Чудна е ситуацијата никогаш вака не било јас во Охрид сум речиси 45 години никогаш Охрид не бил вака бездушен без луѓе. Охрид стално имал душа. Охрид не е само езерото, не е само кејот, не е само Рача и Галичица Охрид се и луѓето. Јас го доживувам Охрид во моментов како да има потреба да му се помогне Охрид бара помош, вели не може вака повеќе“, вели Милошевски.
И да стане градоначалник Милошевски  ветува дека нема да се откаже од своите пациенти, ќе има еднаш неделно операции и приемен амбулантски ден.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top