ОИК МУ ГО ВРАЧИ УВЕРЕНИЕТО НА НОВОИЗБРАНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК КОНСТАНТИН ГЕОРГИЕСКИ

Константин Георгиески, од денес и официјално ќе раководи со општина Охрид во текот на наредните две и пол години.

 |   | 

Константин Георгиески, од денес и официјално ќе раководи со општина Охрид во текот на наредните две и пол години.

Уверението за извршување на градоначалничката функција на новиот градоначалник денеска му беше врачено од страна на претседателот на ОИК, Климент Камнароски, во присуство на сите членови од комисијата. Георгиески рече дека од денес е градоначалник на сите граѓани на Охрид, независно од нивната политичка, верска, етничка или национална припадност.

„Оваа прилика ја користам да им се заблагодарам на сите граѓани кои гласаа за мене и уште еднаш да им ветам и да се обврзам дека ќе работам во интерес на градот, во интерес на соживотот и во интерес на просперитетот наш и на идните генерации. Општината беше и во оваа година и половиа, беше и во овие четири месеци додека бев в.д. градоначалник, а ќе биде и во овие две и пол години секогаш отворена за сите граѓани. тука сме да ги слушниме нивните барања, предлози и заедно да работиме во насоки на напредокот, растот и развојот на нашиот град. продолжуваме да ги реализираме сите проекти коишто ни се во програмата, уште понапорно, уште попосветено затоа што времето е кратко, меѓутоа со една искрена и вредна и пред се чесна работа мсилам дека ќе успееме да ги реализираме сите тие проекти“, истакна градоначалникот Георгиески.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top