Партијата „Демократи“ го претстави кандидатот за градоначалник на Охрид

Политичката партија „Демократи“ денес го претстави својот кадидат за градоначалник на Охрид.

 |   | 

Политичката партија „Демократи“ денес го претстави својот кадидат за градоначалник на Охрид. Претседателот на партијата Јорго Огненоски, на денешната прес конференција кажа дека Стевоски кој 30 години се бори против криминалот е вистинскиот избор за прв човек на Охрид. Охрид наместо да станува поубав град тој е во се полоша состојба изминативе две децении додека на власт се менуваат две политички опции во државата, смета Огненоски.

„Нашиот кандидат г-дин Стевче Стевоски, за којшто можам слободно да кажам дека охриѓани кога ќе го изберат, за градоначалник на Охрид, ќе го спаси Охрид од криминалот и ќе го направи охрид, туристичка светска дестинација. Целта е овој прекрасен град за кој јас милам дека е еден од најубавите градови , да стане еден ден туриситичка дестинација, со што ќе се подобри економијата а младите нема да ни бегаат во странство“ потенцира Огненоски.

Стевоски кажа дека мафијата е инсталирана во институциите и големите политички партии кои манипулираат со граѓаните и дека го прифаќа предизвикот да се конфронтира со моќниците кои со децении наназад се недопирливи. Стевоски ги повика обесправените, угнетените, згазените од лихвари и уништени за бедни плати вработените, да гласаат за него, за како што рече, конечно да влезе во финална битка против мафијата.

„Ме знаат Египќаните, Албанците, Турците и Македонците. Сите знаат дека никогаш неправедно не сум казнил никого, а дека не сум се плашел да ги казнам моите претпоставени поради што и ден денес центрите на моќ ме влечат по судови. Денес почнуваме нова битка во долгата војна на правдата против неправдата. Денес јавноста знае кои се СДСМ и ВМРО ДПМНЕ, знае дека тоа се две сестри близначки, кои ги родила една мајка Мафија и татко по име Јуда“ кажа Стевоски.

Кандидатот за градоначалник на партијата Демократи Стевче Стевоски, на средба со новинарите денеска во Охрид, истакна дека лично ги почитува противкандидатите за градоначалничката функција, но додаде дека нивните партии нема да им дозволат да ги променат состојбите во општеството.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top