Константин Георгиески е новиот градоначалник на Општина Охрид

Според официјалните резултати објавени од Државната изборна комисија, со освоени 16.523 гласови, односно 54,36% од избирачите, д-р Константи Георгиески, како кандидат на СДСМ и коалицијата и официјално е новиот градоначалник на Охрид.

 |   | 

Според официјалните резултати објавени од Државната изборна комисија, со освоени 16.523 гласови, односно 54,36% од избирачите, д-р Константи Георгиески, како кандидат на СДСМ и коалицијата и официјално е новиот градоначалник на Охрид.

Георгиески на вчера одржаниот втор круг од предвремените избори за градоначалник, ја добил поддршката од 16.523 граѓани на Охрид или 54,6 отсто од гласовите на граѓаните, односно 3.855 гласа повеќе од неговиот противкандидат од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Митре Милошевски за кого гласале 12.668 лица или 41,68 отсто од граѓаните што вчера излегле на избори.

Според официјалните податоци за постигнатите резултати на Државната изборна комисија (ДИК), во вториот круг од изборите во Охрид гласале 30.397, односно 58,12% од граѓаните пријавени на Избирачкиот список. Тоа е зголемување за над 2.000 гласа, односно над 4% во однос на првиот круг, кој се одржа пред две недели. Тогаш гласот до дадоа 28.118 граѓани, односно 53,84% од гласачите пријавени на Избирачкиот список.

Георгиески беше носител на советничката листа на СДСМ на последните Локални избори одржани во 2017 година, а по победата беше координатор на мнозинската советничка група во општинскиот совет и заменик-градоначалник на Охрид. По ненадејната смрт на градоначалникот Јован Стојаноски во декември минатата година, Советот на општина Охрид го избра за вршител на должноста градоначалник на општина Охрид. Тој е оженет и татко на две деца.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top