• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Мерки за модерно и современо образование дел од изборната програма на кандидатот за Градоначалник од ВМРО ДПМНЕ, Митре Милошевски

Мерки за модерно и современо образование дел од изборната програма на кандидатот за Градоначалник од ВМРО ДПМНЕ, Митре Милошевски

Програмата „За убав град“ предвидува воведување на едносменска настава. На тој начин во голем дел ќе се постигне синхронизација на работното време на родителите, со времето на учениците поминато во училиште, кажа Милошевски. Компатибилно на овој проект, Милошевски уште еднаш го спомна проектот, „Бесплатна здрава храна за ученици од I-V  одделение, со кој децата ќе добиваат редовни и здрави оброци на училиште. 

 |   | 

„Иницијативата за отварање на средно ликовно и музичко училиште, бесплатен превоз 24 часа за сите ученици од основното и средно образаование. Развивање на прептриемачки дух, преку отварање на реални училишни компании во средните училипта, нивно вмрежување со бизнис секторот за подршка на практичната настава. Учество во соработката со бизнис секторот за обзебедување на финасиски средства од самофинансирачки активности“ кажа Милошевски.

Милошевски најави и субвенционирање на патните трошоци на дел од просветните работници кои патуваат од град во рурални средини, и обратно.

„Со ова мерка се субвенционираат дел од патните трошоци на просветните работрници кои патуваат од град во село и обратно до своето работно местоИсплатата од страна на Општината Охрид ќе биде по основ на заклучокот доенсен од страна на Комисијата за финаинсии и буџет, при советот на Општина Охрид“ додаде Милошевски.

Милошевски издвои и низа други мерки како поддршка за млади таленти преку годишни награди, стипендирање на талентирани и социјални категории на студенти, средношколци и основци. Милошевски најави и промовирање на југозападен регионален, училишен центар. Им порача на охриѓани дека со заокружување на бројот % гласаат за квалитетно и модерно образование, мотивирани наставници и ученици.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top