Ознака: градоначалник

akvarium

Златната рипка Желба „одбра“ градоначалник

Post Views: 9 Златната рипка Желба го одбра градоначалникот помеѓу двајцата најсериозни кандидати за татко на градот. Рипката избираше помеѓу Александар Петрески и Никола Бакрачески, двајцата кандидати кои според  последните рејтинзи имаат најголеми шанси за да седнат во престижната градоначалничка фотелја, вели организаторот на овој несекојдневен избор, главниот и одговорен уредник на Супер радио, Сашо Митаноски. Според законската регулатива,   изборот на Желба ќе се објави во недела после 19 часот, вели Митаноски. Тој ја појасни и нивната цел за овој несекојдневен настан. „Идејата...

Continue reading

Vasil Ristevski

Васил Ристески: „Гласајте со своето срце“

Post Views: 3 Кандидатот за градоначалник на Охрид поддржан од Социјал демократската унија на пoследната прес конференција пред почетокот на изборнит молк, истакна дека  верува оти овој пат ќе можат сите да заборават на миг на политичката или партиска припадност бидеќи ова се локални избори и дека неговите сограѓани ќе се определат според индивидуалните квалитети и спред веројатноста, можностите и претпоставките кој навстина може најсоодветно да одоговори на функцијата градоначалник и советниците за доброто на сите граѓани за поубав Охрид. „Треба секогаш да имате на ум дека станува...

Continue reading

Petreski kampanja

Петрески предупреди: „Нечистата кампања врвот ќе го достиге во петок и сабота“

Post Views: 5 Тој е убеден дека Охрид ќе биде преплавен со недолични пароли, плакати, текстови и фотографии. Петрески со обвинувања дека не е дозволиво министрите да се мешаат во изборната кампања. Тој уште еднаш потсети дека противкандидатот Бакрачески сеуште не прифатил дуел со него и додаде дека треба храброст за да се стори тоа. Петрески се осврна и на обвинувањата кои беа упатени до него, дека локалната е виновна за покачувањето на цените на комуналните услуги, вклучително и цената на водата. „Зборува за покачената цена на водата, а не знае за што зборува. Во тоа му простувам,...

Continue reading

sojuz za idninata

Петрески преку фотографии го покажа грдото и убавото лице на Охрид

Post Views: 45 Кандидатот за градоначалник од „Сојузот за иднината“, Алекдандар Петрески на денешната пресс конференција зборуваше за како што кажа грдото и убавото лице на Охрид.Како доказ за грдото лице Петрески покажуваше фотографии од детската болница, која сега е руина а каде требало да има Хилтон хотел. Потоа покажа фотофрафии од опожерениот  дописен центар на македонската радио телевизија, пристапните патишта кон Охрид,  автокамповите за кои како што кажа со законот на Александар Николовски биле прогласени како државен интерес за да може да ги продаваат по едно евро и да прават...

Continue reading

sojuz za idninata

Станкоски:„Владата многу ветуваше, но ништо не направи“

Post Views: 8 „ДПМНЕ за оваа изборна кампања, за овие локални избори го избра најнесреќниот и најироничниот слоган. Им порачуваат на граѓаните да изберат дела“, истакна кандидатот за советник Јоне Станкоски.  Тој јавно запраша кои дела ги направила владата  за Охрид, за да можат граѓаните да изберат. При тоа Станковски посебно се осфрна на најавите за изградба на спортската инфраструктура. „Ветија изградба на фудбалски игралиша во Косел и Лескоец. Ветија изградба на спортски сали во училиштата ЕМУЦ Св. Наум Охридски, угостителското училиште Ванчо Питошески и ОУ Христо Узунов, но до...

Continue reading

Risteski

Поврзување на Охрид со градови од соседните држави-најави кандидатот за градоначалник Ристески

Post Views: 5 Збратимување на Охрид со градовите од соседните држави во најбрз можен рок. Ова го најави кандидатот за градоначалник, Васил Ристески. Тирана, Драч, Солун, Атина, Софија, Пловдив, Белград, Ниш. Овие, но и соработка со многу други градови од Европа и пошироко доколку тој седне во градоначалничката фотелја. Ваквата соработка, според Ристески ќе значи сериозно поттикнување на развојот на стопанството во Охрид. „Тоа ќе биде секако дополнителен инпут или дополнителна инфузија за севкупниот стопански развој на Охрид, пред се на туризмот како примарна стопанска гранка, а и...

Continue reading

profesorka

Професори го обвинија Петрески за политички притисок врз нивни колеги

Post Views: 6 Тројца професори, Марија Голабоска, Звонко Трпески и Илија Стојаноски излегоа со обвинувања упатени кон актуелниот и кандидат за иден градоначалник, Александар Петрески за вршење притисоци во политички цели врз просветни работници односно да гласаат за него на престојните избори. Во изјава за медиумите, синоќа тие тврдеа дека имаат сознанија дека ќе се врши политички притисок врз нивните колеги, на состанокот на просветните работници со градоначалникот Петрески. „Во Големата сала на општината се повикани голем број на вработени во образованието со цел врз нив да се врши...

Continue reading

Bakraceski

Нема да има отпуштања на администрацијата во општина и во јавните претпријатија, вети Бакрачески

Post Views: 15 Тенденциозни невистини се шират за заплашување на вработените во општинската администација и ЈП, рече на денешната прес конференција кандидатот за градоначалник Никола Бакрачески. Се пласираат лаги  дека по моето доаѓање како градоначалник и општинската администрација на Вмро Дпмне ќе има масовни отпуштања на овие вработени. Потенцираше дека тоа е дел од стратегијата за заплашување на вработените од страна на градоначалникот на  заминување. Досега во мојата кариера никогаш не се случило  некого да отпуштам од работа туку напротив сум вработувал  и сум обезбедувал редовно...

Continue reading

Trajkovski za Debrca

„Општина Дебрца е изолирана општина“-обвини кандидатот за градоначалник Трајковски

Post Views: 1 „После локалните избори, општина Дебрца ќе биде конечно ослободена со завршувањто на функцијата градоначалник на Љупчо Којчиноски.“-порача кандидатот за градоначалник на Дебрца од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Трајковски. Тој воедно го обвини и дека општина Дебрца во изминативе 16 години е држена во изолација. „Живееме во 21 век каде што секоја институција е транспарентна и отворена за граѓаните, единствено за оваа наша општина никој ништо не знае нитуа пак се има пристап до било какви информации, ниту туа колку средства, какви средства се вложени нитуа пак можеме да...

Continue reading

VMRO DPMNE kancelarija

Работата на Секторот за локален економски развој ставена под лупа на кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија

Post Views: 3 Секторот за локален економски развој тема на денешната прес конференција на Никола Бакрачески, кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ. Бакрачески потенцира дека и после осум години овој сектор сеуште е на ниво на хипотези, теории и дисертации. Тој додаде дека луѓето кои го водат овој сектор  досегa не донеле ниту една реална инвестиција ниту пак направиле некој посериозен проект за развојот на градот. Бакрачески рече дека за да се остварат овие предуслови и да се забрза локалниот економски развој  во нивната програма предвидени се неколку  сериозни проекти. Тоа пред...

Continue reading

trajkoski

Трајкоски сигурeн во победа за Дебрца

Post Views: 2 Се надѕира крајот на долгогодишната голготата од владеењето на СДСМ и нивниот градоначалник Којчиноски, порача кандидатот за градоначалник за Дебрца, Игор Трајкоски. ВМРО ДПМНЕ ќе стави крај на манипулациите и на нивната не работа, веднаш штом ќе дојде на власт за неколку дена, додаде Трајкоски. „Сепак и покрај тоа што остануваат само уште неколку денови до локалните избори, старите навики за малверзации на СДСМ не се менуваат и одат до крај. Како последен обид за манипулирање на јавноста е тоа што претседателот на ОО од СДСМ Љубен Стојкоски е секретар на општина Дебрца...

Continue reading

parking

Бакрачески им вети катна гаража на охриѓани

Post Views: 6 Кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Др.Никола Бакрачески вети изградба на затворена катна гаража, затворен зелен пазар и останати пропратни објекти, со кои како што рече конечно  ќе се реши проблемот со паркинг просторите не само во ова подрачје туку и во строгиот центар на градот. Бакрачески рече дека ќе ја преземе на себе одговорноста за конечна реализација на  неотпочнатите и незавршени проекти од страна на, како што рече, градоначалникот во заминување Петрески и неговата локална самоуправа. „Ви ветувам на сите овде и на охриѓани дека на ова место...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top