Васил Ристески: „Гласајте со своето срце“

Васил Ристески, кандидатот за градоначалник на Охрид, поддржан од Социјал демократската унија, им порача на охриѓани да гласаат со срце и според нивното вистинско убедување.

 |  Голабовски Крсте  | 
Vasil Ristevski
Васил Ристевски

Кандидатот за градоначалник на Охрид поддржан од Социјал демократската унија на пoследната прес конференција пред почетокот на изборнит молк, истакна дека  верува оти овој пат ќе можат сите да заборават на миг на политичката или партиска припадност бидеќи ова се локални избори и дека неговите сограѓани ќе се определат според индивидуалните квалитети и спред веројатноста, можностите и претпоставките кој навстина може најсоодветно да одоговори на функцијата градоначалник и советниците за доброто на сите граѓани за поубав Охрид.

Vasil Ristevski„Треба секогаш да имате на ум дека станува збор за нареден четиригодишен живот за сите нас. Оттаму не треба да потпаѓате под ничии влијанија туку пред се имајте си ја својата совест и одговорност бидејќи кога гласате гласајте со своето срце, со своето вистинско убедување за најдобриот овој пат да биде ваш избор и да биде во функција на вашите потреби и во функција на нашиот град“ кажа во завршното обраќање, Васил Ристески, кандидатот за градоначалник.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top