Златната рипка Желба „одбра“ градоначалник

Златната рипка Желба го одбра градоначалникот помеѓу двајцата најсериозни кандидати за татко на градот.

 |  Валентина Неловска  | 
akvarium
akvarium

Златната рипка Желба го одбра градоначалникот помеѓу двајцата најсериозни кандидати за татко на градот. Рипката избираше помеѓу Александар Петрески и Никола Бакрачески, двајцата кандидати кои според  последните рејтинзи имаат најголеми шанси за да седнат во престижната градоначалничка фотелја, вели организаторот на овој несекојдневен избор, главниот и одговорен уредник на Супер радио, Сашо Митаноски. Според законската регулатива,   изборот на Желба ќе се објави во недела после 19 часот, вели Митаноски. Тој ја појасни и нивната цел за овој несекојдневен настан.
akvarium
„Идејата беше  да се спушти предизборната тензија и да потсетиме на легендата за златната рипка што паметела 2 секунди. Оваа е дресирана и памети подолго па ќе им ги памети сите дадени ветувања што ги имаа. Оној кој ќе биде наш градоначалник редовно ќе го потсетуваме на ветувањата“, појасни Митаноски.

За овој настан Супер радио упатило официјална покана до двајцата против кандидати, а во Супер радио се појави само Александар Петрески.

„ Ние испративме официјална покана до двете страни за кандидатите кои имаа највисок рејтинг. Поканата не беше испочитувана 100 посто, но ние како куќа го испочитувавме она што го најавивме“, потенцираше Митаноски.

Останува на охриѓани во недела да го кажат својот избор во мирни, фер и коректни избори. Митаноски кажа дека златната рипка Желба и посебно дизајнираниот аквариум за оваа намена, по изборите ќе бидат подарок од Супер радио за новиот градоначалник на Охрид. 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top