Бакрачески им вети катна гаража на охриѓани

Никола Бакрачески, кандидат за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на охриѓани им вети изградба современа катна гаража и затворен зелен пазар, доколку ја добие нивната доверба на овие локални избори.

 |  Голабовски Крсте  | 
parking
паркинг

Кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Др.Никола Бакрачески вети изградба на затворена катна гаража, затворен зелен пазар и останати пропратни објекти, со кои како што рече конечно  ќе се реши проблемот со паркинг просторите не само во ова подрачје туку и во строгиот центар на градот. Бакрачески рече дека ќе ја преземе на себе одговорноста за конечна реализација на  неотпочнатите и незавршени проекти од страна на, како што рече, градоначалникот во заминување Петрески и неговата локална самоуправа.

parking„Ви ветувам на сите овде и на охриѓани дека на ова место ќе изникне катна гаража, која ќе биде во функција на организирање на паркинг просторот, меѓутоа и на сообраќајот, за поадекватно одвивање на сообраќајниот метеж во овој дел на градот, што секако ќе придонесе да се регули сообраќајот и во останатие делови на градот посебно во централното градско подрачје. Покрај катната гаража на ова место ќе се изградат и други придружни објекти кои ќе бидат во функција на градското пазариште коие што кажав во еден од моите претходни пресови дека конечно ќе изградиме затворен зелен пазар и сето тоа ќе изникне едно убаво место во кое што ќе има поголема фрекфенција на луѓе кои ќе може да ги користат пропратните содржини на оваа катна гаража заедно со затворениот зелен пазар“ кажа кандидатот за градоначалник на Охрид од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top