Петрески предупреди: „Нечистата кампања врвот ќе го достиге во петок и сабота“

Александар Петрески, кандидат за градоначалник од Сојузот за иднината, денеска пред новинарите го изнесе своето мислење дека нечистата кампања ќе го достигнела својот врв во петок и сабота.

 |  Мишел Наумоски  | 
Petreski kampanja
Петрески кампања

Тој е убеден дека Охрид ќе биде преплавен со недолични пароли, плакати, текстови и фотографии. Петрески со обвинувања дека не е дозволиво министрите да се мешаат во изборната кампања.

Petreski novo na kampanjaТој уште еднаш потсети дека противкандидатот Бакрачески сеуште не прифатил дуел со него и додаде дека треба храброст за да се стори тоа. Петрески се осврна и на обвинувањата кои беа упатени до него, дека локалната е виновна за покачувањето на цените на комуналните услуги, вклучително и цената на водата.

„Зборува за покачената цена на водата, а не знае за што зборува. Во тоа му простувам, затоа што не е искусен, не ги разбира тие работи. Тој може да зборува за цената на стентовите и цената на другите работи што си играат со пациентите. А за водата не може да зборува затоа што водата во Охрид се покачи затоа што Никола Груевски како министер за финансии има потпишано со КВБ банката  договор со кој Водовод-Охрид или Проаква зеде кредит од германската банка и зедоа обврска водата на три пати да се покачи. Ова беше третото покачување на водата со потпис точно од Никола Груевски, кога беше министер за финансии за одобрување на кредитот на КВБ банката што го зеде општината.  Тогаш јас не бев градоначалник, тогаш директор на Проаква беше друг, знаете кој беше. Јас успеав тоа покачување да не биде големо и со тоа покачување Охрид да биде по цената на водата на 35то место. Значи 35 општини во државава имаат повисока цена на вода отколку Охрид.“-вели кандидатот за градоначалник од редовите на Сојузот за иднината и актуелен градоначалник, Александар Петрески.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top