• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Поврзување на Охрид со градови од соседните држави-најави кандидатот за градоначалник Ристески

Поврзување на Охрид со градови од соседните држави-најави кандидатот за градоначалник Ристески

Фирмарина за стопанствениците, поттикнување на земјоделското производство, ова се дел од ветувањата на кандидатот за градоначалник Васил Ристески.

 |  Мишел Наумоски  | 
Risteski
Ристески

Збратимување на Охрид со градовите од соседните држави во најбрз можен рок. Ова го најави кандидатот за градоначалник, Васил Ристески. Тирана, Драч, Солун, Атина, Софија, Пловдив, Белград, Ниш. Овие, но и соработка со многу други градови од Европа и пошироко доколку тој седне во градоначалничката фотелја. Ваквата соработка, според Ристески ќе значи сериозно поттикнување на развојот на стопанството во Охрид.

Risteski shtab„Тоа ќе биде секако дополнителен инпут или дополнителна инфузија за севкупниот стопански развој на Охрид, пред се на туризмот како примарна стопанска гранка, а и извозно ориентираните фирми кои во моментот стопанисуваат во нашиот град. Во таа смисла мислам дека збратимените градови на Охрид ќе формираат меѓуопштински совет за соработка во кој ќе партиципираат пред се стопанственици и во таа смисла, мислам сосема и формално правно и традиционално и во сите други облици на соработка ќе има соодветни резултати кои ќе бидат во прилог на севкупниот развој на нашиот град, а со тоа се разбира и кон подобрување на животот на нашите граѓани.“-вели кандидатот за градоначалник, Васил Ристески.

Ристески вели дека доколку стане градоначалник, тој ќе го стимулира и развојот на малите и средни претпријатија од градов преку намалување на фирмарината која тие ја плаќаат, а и дека особено внимание ќе посвети на земјоделското производство на здрава храна.

flaer Vasil Risteski„Ќе ги поттикнувам земјоделците, од населбите во градот или околните села кои се континуирано производители на здрава храна да го зголемат обемот на производство со што максимално ќе им помагам во изнаоѓање на пласман на нивните производи. На пример во секое училиште, во секоја градинка, задолжително ќе биде на децата да им се дава маренда или закуска, да имаат задолжително овошје во денот, да имаат чај. Кои се корисностите? Од една страна заради здравиот живот и развој на децата, а од друга страна заради пласман на производите на нашите производители кои произведуваат здрава храна.“-рече Ристески.

Ристески додаде дека постојат илјада можности како да се заврши еден добар проект за поубав и подобар Охрид, за подобар живот за охриѓани. Тој вети дека по 24ти Март целосно ќе се посвети на остварување на овие цели.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top