Ознака: во

bolnica

Во Охрид новогодишната ноќ минала мирно

Post Views: 3 Најлудата новогодишна ноќ во Охрид минала сосема мирно. Ова го потврдуваат  одделите од хируршкото и интерното одделение при охридската болница. Хирургот,  д-р Томе Гиноски, напоменува дека синоќа на нивното одделение неговите колеги интервенирале кај 7 -мина граѓани, пет мина странци и двајца охриѓани, кои учествувале во  два инциденти. Сите за среќа завршиле со полесни телесни повреди. „Извршени се поситни хируршки интервенции без посериозни оперативни зафати.  Обработени и зашиени се рани, опсервирани се болните неколку саати. Сите се пуштени на домашно лекување.“...

Continue reading

Што би направил Waren Buffett да има 23 години

Post Views: 0 Илјадници инвеститори му се восхитуваат и го впиваат секој негов збор. Новинарот на Business Insider запишал неколку одговори на Buffett на една конференција, а помеѓу другото и одговорот на прашањето што би направил ако има повторно 23 години. Новинарот го објавил транскриптот на разговорот помеѓу 23 годишно момче од New Jersey кое било во публиката и Buffett. Момчето го прашало Buffett за совет околу претприемништвото. “Млад сум и не ја познавам технологијата ниту знам да градам роботи. Да имате 23 години, во која не-технолошка индустрија би започнале бизнис?”,прашало...

Continue reading

cesma

Стар град викендов без вода а високите згради со намален притисок

Post Views: 2 МЈП-Проаква Р.Е.Водовод Охрид ги известува своите корисници дека поради најавените прекини со електрична енергија  од страна на МЕПСО А.Д. ќе има прекин на работа на Пумпната станица Дрвара  поради што дел од корисниците  во стариот дел на градот ќе имаат прекин во снабдувањето со вода  и тоа улиците: Кузман Капидан, Браќа Миладинови, Грогор Прличев,Илиндеска,Христо Узунов,Климентска,Кочо Рацин,Димче Маленко,11-Октомври,Охридска Архиепископија,Нада Филева и населба Чекоштина.Исто така можно е во високата зона на градот и високите згради  водоснабдувањето да биде со намален...

Continue reading

OHF 2012

Пеењето може да започне!

Post Views: 1 Хоровите од 15 европски земји можат да го започнат своето претставување пред жирите, но и пред љубопитната публика. Јубилејното петто издание на Охридскиот хорски фестивал, вчеравечер беше означено за отворено на најдобар можен начин. Директорот на фестивалот, Александар Димовски, вели дека овој фестивал сведочи за долгата музичка и хорска традиција на нашиот град и изрази надеж дека настапот на овој фестивал сите учесници ќе ги потсетува на нивниот престој во Охрид. Покрај ревијалните настапи и натпреварувачкиот дел, Димовски вели ќе има и други активности. „Во рамките...

Continue reading

патот

Регионалнит пат кон Албанија обраснат со треви

Post Views: 3 Високи треви покрај патот и во  средишниот појас ја загрозуваат прегледноста на регионалниот пат кој води кон Албанија. Регионалниот патен правец со ознака   Р 1310 кој води од кључката Св. Еразмо до Св.Наум е запуштен и несреден. Од ЈП„ Македонија пат“ признаваат дека тоа е резултат на  отежнатите финансиски  услови во кои работат.  Ракововодителот  на охридската единица на „Македонија пат“ најавува екипи на терен веќе од среда. Дел од нивните работници ќе бидат ангажирани за подобрување на оптичката видливост на патот. Финаниските проблеми во кои западна ова јавно...

Continue reading

gun

Србин-убиец фатен во Охрид после 10 години во бегство

Post Views: 21 Србин кој 10 години е во бегство, а се барал поради убиство и претепување во Србија бил уапсен во Охрид.  На 37-годишниот Владимир Јорга од Панчево му се заканува затворска казна од 20 години. Јорга во Србија се бара за убиство над Г.Г. кое го извршил во 2002 година, како и за нанесување на тешки телесни повреди врз малолетникот А.Љ. Од српското министерство за внатрешни работи за српските медиуми велат дека тој бил уапсен вчера попладне во Охрид во заедничка акција на македонската и српската полиција а во земјава влегол со босанска патна исправа. По завршувањето на...

Continue reading

HPV vakcina

Во Охрид се води антикампања против ХПВ вакцината

Post Views: 0 Охридските епидемиолози очи в очи со родителите за да ги разубедуваат во нивните предрасуди за ХПВ вакцината. Стручните лица ги убедуваат родителите во исправноста и безбедноста на ХПВ вакцината и нејзиниот позитивен ефект во спречување на ракот на грлото на матката  чиј предизвикувач е ХПВ вирусот. Д-р Јованка Стурлакова Коровешоска, истакнува дека во Охрид и Дебрца е поразителна бројката на родителите кои одбиваат нивните девојчина да ја примат ХПВ вакцината, која од крајот на 2009 година е задолжителна и во нашата земја. Во Охрид се вакцинирани само 18 посто, додека...

Continue reading

plakati protest

Преку ноќ исчезнаа синдикалните плакати на охридските улици

Post Views: 0 Непознати сторители ги отстраниле синдикалните плакати од охридските улици кои повикуваа на утрешниот јавен  протест што ќе се одржи во  Скопје. За членот на Претседателството на Синдикатот на индустријата, енергетиката и рударството од Охрид, Драган Молкоски, ваквиот чин не е изненадување. „Ова е една слика за односот и грижата на некои членови од заедницата кон нашите права. Oдсекогаш сме имале опоненти, без некој да разликува дека го ништи нашиот синдикален денар кој е скромен. Со скромни средства правевме напори да ги информираме граѓаните и работниците да дојдат...

Continue reading

kopano

Колку брзо ископаните улици треба да се вратат во првобитната состојба?

Post Views: 5 Низ Охридските улици масовно се работи. Прекопи за канализација, водовод, оптички кабли, струја. Иако веројатно ве радува фактот што градот оди напред со технологијата, некако задоволството спласнува откако ваквите зафати ќе се завршат. Причината едноставна, улицата или тротоарот најчесто не се враќаат во првобитната состојба или пак ако се вратат, тоа е неквалитетно направено. Раководителот на општинскиот инспекторат, Танас Танасоски ни кажа дека постои законска обврска изведувачот да го врати прекопот во првобитната состојба, но дали постои временски рок во кој тоа...

Continue reading

hamam

Некогашниот Амам бил уметнички изработена сауна

Post Views: 33 Во охридската Чаршија на просторот од денешниот трговски центар Амам во минатото била изградена  турска бања. Според записите амамот бил изграден во периодот помеѓу  17 и 18 век. Во  периодот од 19-ти век од десната страна на амамот се наоѓал анот на Шери-бег. Покрај собите за спиење  имало и  афчилница или кажано со денешниот современ речник  ресторан каде што се подготвувале турски јадење.  Од лево пак, била терзиската работилница на Тупаре, Нане и Трене кои изработувале народни носии. Амамот имал две големи дрвени порти од една се влегувало, а од другата се излегувало....

Continue reading

patiki

Нема храна за социјалците но барем има марка патики

Post Views: 0 Корисниците на социјална помош од нашиот град ќе ги облечат во „марка“ роба запленета од надлежните органи. Иако поголемиот број од социјално загрозените семејства едвај се прехрануваат, барем ќе бидат добро облечени пролетва. Меѓу другото, во донацијата можеше да се забележат „Гучи“ кондури, „Рибок“ патики и друга корисна роба за социјалците. Од Центарот за социјални грижи во Охрид задоволни од донацијата. „Во соработка со Владата, примена е оваа помош која во наредниот период очекуваме да и се подели на целната група, а тоа се корисниците на социјална парична помош....

Continue reading

logo

„Гринпис“ во Охрид

Post Views: 2 Најмоќната еколошка организација „Гринпис“ во Охрид – најавува коалицијата на екологистите од независната советничка листа број 10. Носителот на независната советничка  листа Коалиција на еколошки граѓански организации број 10, Борис Стојаноски, истакна дека во изминатите 18 години успеале да алармираат за еколошките проблеми во градот и околината и да покренат иницијативи за нивно решавање. Во изминативе 20 дена тие воделе кампања со скромни можности, финансирана од самите членови – екологисти и се задоволни од нејзиниот тек. Кандидатот од оваа советничка...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top