Преку ноќ исчезнаа синдикалните плакати на охридските улици

Непознати сторители ги отстраниле синдикалните плакати од охридските улици кои повикуваа на утрешниот јавен  протест што ќе се одржи во  Скопје.

 |  Валентина Нелоска  | 
plakati protest
plakati protest

plakati protestНепознати сторители ги отстраниле синдикалните плакати од охридските улици кои повикуваа на утрешниот јавен  протест што ќе се одржи во  Скопје. За членот на Претседателството на Синдикатот на индустријата, енергетиката и рударството од Охрид, Драган Молкоски, ваквиот чин не е изненадување. „Ова е една слика за односот и грижата на некои членови од заедницата кон нашите права. Oдсекогаш сме имале опоненти, без некој да разликува дека го ништи нашиот синдикален денар кој е скромен. Со скромни средства правевме напори да ги информираме граѓаните и работниците да дојдат што помасовно на протесото да го кажат својот глас дека ги бараат своите права, ама за жал имаме и понатака опструкции, вели Молкоски “.
Синдикалците со протестот бараат да се спречи понатамошното губење на  работничките права, а очекуваат и масовна поддршка од граѓаните. „Од Владата бараме да го повлече Законот за технолошки вишок од процедура и Законот за минимална плата. Со овие два закони кои се во собраниска процедура се намалуваат работничките права, како што е намалување на надоместот за одење технолошки вишок од 5 години на 18 месеци, истакнува Молкоски.
Инаку, Законот за работни односи е менуван во неколку наврати, а при тоа Сојузот на Синдикатите на Македонија има крајно  пасивен однос,  вели Молкоски. Тој напоменува за утрешниот протест што го организира Сиер во Скопје, како еден од 17 -те гранкови синдикати, сеуште нема информација за конкретна поддршка на ССМ.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top