Што би направил Waren Buffett да има 23 години

Давал совети на 23 годишен претприемач

 |  инфодеск  | 

Илјадници инвеститори му се восхитуваат и го впиваат секој негов збор. Новинарот на Business Insider запишал неколку одговори на Buffett на една конференција, а помеѓу другото и одговорот на прашањето што би направил ако има повторно 23 години.

Новинарот го објавил транскриптот на разговорот помеѓу 23 годишно момче од New Jersey кое било во публиката и Buffett. Момчето го прашало Buffett за совет околу претприемништвото.

“Млад сум и не ја познавам технологијата ниту знам да градам роботи. Да имате 23 години, во која не-технолошка индустрија би започнале бизнис?”,прашало момчето.

Buffett одговорил дека веројатно би го направил истото што го направил кога имал 23 години. “Еве што ќе направев ако имав 23 години: ако бев заинтересиран за инвестирање во компании кои произведуваат јаглен, ќе одев во осум од десет такви копании и ќе разговарав со шефовите на тие компании. Ќе поставував многу прашања”, и додал,  “а едно од прашањата кое секогаш ќе го поставував ќе беше: кога би морале да ги ставите сите пари во некоја компанија во некоја индустрија и да се повлечете на десет години, која би била таа компанија?”. “Откако ќе разговарав со сите во таа индустрија, ќе знаев многу повеќе за неа отколку било кој друг”, заклучил тој.

Buffett вели дека постојат разни начини да се научи за економските карактеристики на некоја компанија, но за тоа треба да постои голема љубопитност. “Во мојот случај индустријата за осигурување беше интересна, а еден ден и ти би можел да се потковаш со знаење за да водиш таков бизнис. Ако продолжиш да учиш нешто ќе испадне што ќе биде многу корисно. Но за тоа мораш да бидеш отворен”, порачал Buffett.

“Луѓето сакаат да зборуваат, само морате да бидете отворени и ќе го најдете своето место. Можеби нема тоа да се случи веднаш, но ќе го најдете она што ќе ве фасцинира. Јас тоа го најдов за седум или осум години. Некогаш тоа може да потрае, но ќе го најдете”, одговорил Buffet.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top