Србин-убиец фатен во Охрид после 10 години во бегство

По завршувањето на сите формалности, тој ќе и биде екстрадиран во  Србија.

 |   | 
gun
пиштол

gunСрбин кој 10 години е во бегство, а се барал поради убиство и претепување во Србија бил уапсен во Охрид.

 На 37-годишниот Владимир Јорга од Панчево му се заканува затворска казна од 20 години. Јорга во Србија се бара за убиство над Г.Г. кое го извршил во 2002 година, како и за нанесување на тешки телесни повреди врз малолетникот А.Љ.

Од српското министерство за внатрешни работи за српските медиуми велат дека тој бил уапсен вчера попладне во Охрид во заедничка акција на македонската и српската полиција а во земјава влегол со босанска патна исправа.

По завршувањето на сите формалности, тој ќе  биде екстрадиран во  Србија.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top