Ознака: бидат

prva sednica sovet

Новиот градски совет и официјално доби претседател

Post Views: 6 Д-р Гордана Коњаноска е новиот претседател на Советот на општина Охрид. Со 15 гласа за, 6 воздржани и без ниту еден против оваа одлука беше донесена на денешното продолжение на конститутивната седница на Советот на општина Охрид. Новиот претседател на Советот истакна дека одговорно ќе ја извршува функцијата и дека ќе работи во интерес на граѓаните. Коњаноска подвлече дека сите заедно ќе трба да се справуваат со предизвиците кои ќе доаѓаат во наредниот период. Таа рече дека доследно ќе ги почитува законските прописи. Коњаноска посака одлуките кои ќе се носат во иднина...

Continue reading

niskogradba

ЈП „Нискоградба“ во акција за санација на кејот

Post Views: 2 Започна санацијата на шеталиштето долж кејот на Охридското езеро. Почнувајќи од вчера, вработени во јавното претпријатие „Нискоградба“ започнаа со процес на замена на бекатон подлогата  која беше оштетена во невремињата кои го зафатија Охрид. Високите бранови изминативе недели направија големи штети долж кејот кој во најголемиот дел беше поплавен, а бекатон плочките беа расфрлани по шеталиштето. Со подобрувањето на временските услови, особено вчера и денес, се очекува и забрзување на темпото на работа околу санацијата на кејот. Денес затекнавме и дел од екипата која...

Continue reading

komunalec

работници на ЈП Охридски Комуналец, останаа без работа

Post Views: 4 Точно пред два дена група работници на ЈП „Охридски Комуналец“, беа вратени од работа. Станува збор за 27 работници кои беа ангажирани по пат на договор на еден, два месеци или со договор на дело, вели новата В.Д директорка Елена Скрческа. Таа појасни дека на истите им истекле договорите  на 31 март. „Со оглед на законските прописи не бевме во можност понатака да ги продолжиме нивните договори ние им кажавме понатака да не идат на работа до регулирање на делот од нивниот статус. Знаете дека ние сме претпријатие од сезонски карактер и во текот на летниот период вработуваме,...

Continue reading

deca

Децата стануваат се посиромашни за литература која е наменета токму за нив

Post Views: 3 Во Македонија се помал е бројот на автори кои пишуваат детска литература. Еден од нив е охриѓанецот Тоде Илиевски кој досега има објавено четири книги за деца. Овој специфичен вид на литература се повеќе изумира, вели Илиевски. Тој објаснува дека крајно време е сериозно да се размислува за нејзината судбина бидејќи речиси никој од писателите од помладата генерација не се нафаќа да пишува детска литература. Детската литература е посебен вид литература бидејќи стилот на кој таа е напишана треба да биде лесен и разбирлив, достапен до најмладата читателска публика. Во основните...

Continue reading

kodeks

Кандидатите за градоначалници од петка потпишаа Кодекс за фер избори

Post Views: 1 Дел од кандидатите за градоначалници го потпишаа Кодексот на однесување за слободни и фер избори. Во организација на Институтот за парламентарна демократија, денес, својот потпис на Кодексот го ставија дваесетина кандидати од петтата изборна единица. Со овој гест кандидатите се обврзаа дека ќе го почитуваат основното демократско право на граѓаните за избор на градоначалник без притисоци, во фер и демократски процес. Меѓу кандидатите од петка кои го поддржаа кодексот и се произнесоа за текот на досегашниот процес се од ДПА Зијадин Сеља од Струга, Васил Радиноски независен...

Continue reading

emigranti

Март, месец на филмови за деца во Центарот за култура

Post Views: 3 Во месец Март, граѓаните на Охрид ќе имаат можност да уживаат во актерското мајсторство на членовите на Народниот театар од Охрид. Од добрите претстави никогаш не може да биде доволно, па затоа, охриѓани ќе можат повторно да ги проследат претставите „Полицајци“, „Емигранти“, „Ајде да си речиме уште една“ и „Малограѓанска свадба“. Изведбите на овие театарски претстави ќе бидат секои петок и сабота. „Секако тука не заостанува и филмската програма. Можевме да проследиме повеќе филмови и во претходниот период. Интересно е што од 12ти Март започнуваат филмови, детски играни...

Continue reading

informaticki klub

Министерството за информатика ќе дава бесплатни информатички курсеви

Post Views: 2 Министерството за информатичко општество и администрација ќе обезбеди бесплатни курсеви за канцелариско работење и интернет. За оваа цел, министерот Иво Ивановски, денес потпиша меморандум за соработка со деканите на педагошките факултети од земјава. Токму студентите од овие факултети ќе бидат задолжени да ги спроведуваат овие курсеви на министерство. Според министерот Ивановски, овие курсеви ќе бидат корисни и за граѓаните, но и за студентите. „Се работи за продолжување на иницијативата на Министерството за информатичко општество и администрација за бесплатни обуки...

Continue reading

Технички пропуст ќе ја остави Железничка без зеленило

Post Views: 0 Технички пропуст ќе ја остави  Железничка без хортикултурно уредување. На оваа нова градска сообраќајница, покрај тоа што беа изградени жардињери со лош квалитет на кои бетонот почна да се  распаѓа, нема и приклучок за вода. Таквиот пропуст не дозволува појасот на коловозот да биде оплеменет со зеленило, информира директорт на ЈП Комуналец Сашо Алче. „Железничка ние проблематична затоа што инвеститорот на оваа сообраќајница не испланирал воопшто систем за наводнување. Од тие причини ние се соочуваме со реален проблем нема вода за да се наводнуваат  жардињерите“. Работници...

Continue reading

park

Продолжува проектот „Охрид град на цвеќето“

Post Views: 20 Дождот кој во претпладневните часови паѓаше не го попречи реализирањето на проектот „Охрид град на цвеќето“. Сезонските цвеќиња кои се планира да бидат засадени на голем број површини се производство од сопствените оранжерии на ЈП „Охридски Комуналец“. До почетокот на туристичката сезона се планира да бидат засадени околу 10.000 парчиња  сезонско цвеќе, додека со новата реколта, пак од јуни планирано е  да бидат засадени помеѓу 35-40.000 парчиња цвеќе. Само претходните денови на потегот од Рибниот ресторан до Жиголо се засадени 4000 парчиња  цвеќе. Денес  во градскиот...

Continue reading

sovetnici

Одложена 60 тата седница на советот на општина Охрид

Post Views: 3 И покрај желбата на советниците да застанат на страната на граѓаните, да ги разгледаат и прифатат стотината Предлог Одлуки за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација или легализација на дивоградби, сепак советниците го прифатија предлото на ВМРО ДПМНЕ дека денеска не е вистинско време да се дискутира за дивоградбите. Причина за оваа одлука е препораката на антикорупциска комисија дека незаконски е во овој период да се носат вакви одлуки. „Ние како советничка група на ВМРО ДПМНЕ и коализцијата сме за одлагање на сите точки за легализација...

Continue reading

korpa

Корпи за отпадоци на секоја охридска улица

Post Views: 2 Поставување корпи за отпадоци на секоја фрекфентна  улица е најновиот зафат што започна да го реализира ЈП „Охридски комуналец“. Директорот на ЈП , Сашо Алче информира дека започнале со поставување на 100-тина нови корпи, покрај 100-те претходно поставени. Со тоа ќе бидеме прв град во Македонија каде што ќе има поставено корпи за отпадоци на секоја улица, нагласува Алче. Вакви садови за одлагање на отпад ќе бидат поставени во близина на автобуските  постојки, такси станиците, детските игралишта, училиштата  за  градот да биде што почист. Специјално возило ќе биде ангажирано...

Continue reading

maraton vo programiranje

Програмери од целиот свет-Обединете се! Започна CODEFEST

Post Views: 4 Започна CODEFEST. Ако помисливте дека се работи за некој зимски фестивал, сте згрешиле. Codefest е 24 часовниот маратон во програмирање, на кој студенти од повеќе информатички универзитети ќе се обидат своите идеи за игри, апликации или веб страни и фактички да ги реализираат. Codefest има натпреварувачки карактер. На него учество ќе земат студенти од универзитетот Свети Апостол Павле од Охрид, кои се воглавно и домаќини и организатори на настанот, како и студенти од ФИНКИ и ФОН универзитетите и центарот за едукација СИВУС. Идејата за овој 24 часовен натпревар, студентите...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top