Програмери од целиот свет-Обединете се! Започна CODEFEST

Овој маратон во програмирање доби подршка и од познатата компјутерска корпорација, Мајкрософт.

 |  Мишел Наумоски  | 
maraton vo programiranje
маратон во програмирање

Започна CODEFEST. Ако помисливте дека се работи за некој зимски фестивал, сте згрешиле. Codefest е 24 часовниот маратон во програмирање, на кој студенти од повеќе информатички универзитети ќе се обидат своите идеи за игри, апликации или веб страни и фактички да ги реализираат. Codefest има натпреварувачки карактер. На него учество ќе земат студенти од универзитетот Свети Апостол Павле од Охрид, кои се воглавно и домаќини и организатори на настанот, како и студенти од ФИНКИ и ФОН универзитетите и центарот за едукација СИВУС.

programeriИдејата за овој 24 часовен натпревар, студентите од свети Апостол Павле ја добиле по успешниот настап на хакатонот во Скопје организиран од страна на Мајкрософт корпорацијата.

„На почетокот планиравме натпреваров да биде во Декември. Планиравме многу помал натпревар, во Декември, па започнавме со организирањето, луѓето започнаа да коментираат зошто не би го одложиле натпреваров за во Февруари и ние се согласивме, па потоа едноставно прерасна во ова. Започнавме со 20 натпреварувачи, па како што ви кажав сега имаме 105 регистрирани учесници.“-рече еден од организаторите на натпреварот, Вилијам Асијама, студент на универзитетот Свети Апостол Павле од Гана.

programiranjeИако студентите на Свети Апостол Павле се условно „главните виновници“ за организирањето на овој програмерски маратон, тие преку студентскиот клуб на Мајкрософт добија подршка и од најпознатата компјутерска корпорација, Мајкрософт.

„Ова е натпревар кој што е лимитиран на Мајкрософт платформи. Меѓутоа може да се изработуваат Windows 8 апликации, Windows phone апликации, може да се изработуваат веб страни, игри, секакви видови на апликации, притоа да се користат c-shapr, java script, html 5 јазиците за да работи на Windows платформа, новиот Windows 8.“-вели Александар Митревски, исто така еден од организаторите.

За натпреварот се регистрирани вкупно 105 учесници, но организаторите велат дека ќе бидат задоволни доколку се појават барем осумдесетина.

codefestАпликациите кои ќе бидат создадени, потоа ќе бидат оценувани.

„Ќе се оценуваат и вреднуваат повеќе критериуми. Пред се маркетабилноста на идејата како таква, бидејќи во 24 часа не очекуваме завршени комплетно апликации, колку таа идеја би можела да добие некоја бизнис смисла и како таква да послужи во некоја поширока јавност, на поширок спектар на луѓе. Исто така ќе се оценува интеграцијата на платформи, изгледот, односно user инферфејсот на апликациите, колку искористуваат функционалности кои што ги нуди платформата на која што се развива и слично.“-изјави Јасна Тренгоска, дел од екипата организатори на овој програмерски фестивал.

CODEFEST маратонот во програмирање завршува утре кога ќе бидат и прогласени победниците на овој натпревар. Најдобрите ќе добијат и награди за освоените места. Инаку во текот на натпреварот, организаторите ќе објавуваат и фотографии и интересни моменти од CODEFEST на социјалната мрежа Фејсбук.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top