Ознака: бидат

Локалитетот Мауцкер урбанизиран

Post Views: 3 Се урбанизира индустриско развојната зона Мауцкер.  Советот на општина Охрид на последната седница го усвои ДУП за оваа зона која опфаќа околу 18 хектари земјиште. Како што истакна секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески, за брзо време, 14 те парцели ќе бидат достапни за сите компании кои сакаат да отворат нови или да ги прошират постоечките индустриски капацитети. „Нас особено ќе не радува фактот доколку локалните или охридските компании бидат заинтересирани за изградна на свои капацитети на овој простор, истите да аплицираат и истите да ги добијат, по што најверојатно...

Continue reading

dolni saraj

Ќе се санира потпорниот ѕид зад Робевци

Post Views: 36 Опасната карпа која се наоѓа над музејскиот комплекс Робевци и Лапидариумот во Охрид конечно ќе биде санирана, според најавите на директорката на Завод и Музеј, Тања Паскали Бунташеска. Неколку години наназад сопствениците на куќите кои се поставени на самата карпа стравуваат дека може да дојде до  лизгање на земјиштето и нов одрон, сличен на оној кој се случи пред 5 години. Во секој момент очекуваме да се отпочне со санација на поторниот ѕид вели Бунташеска. „Еден од позначајните проекти кој предвидуваме оваа година да биде реализиран претставува потпорниот ѕид зад...

Continue reading

dozd

Бидете подготвени, викендов доаѓа дожд!

Post Views: 0 Кооринативното тело известува (според информаците добиени од УХМР) дека во недела 22. 02 2015 година под влијание на влажен бран од Медитеранот се очекува обилни врнежи на дожд.  Дождовите ќе бидат во западните и јужните делови каде локално се очекува да наврнат над 20л/м2, а на планините снежната покривка ќе се зголеми. Координативното тело повторно упатува на препораките до Градоначалниците, ДЗС, ЦУК, ЕВН АРМ и МВР. – градоначалниците да ги стават на готовност сите расположливи ресурси, – градоначалниците да ги мобилизираат кризните штабови и во нив да...

Continue reading

logo

Започнаа уписите за младите актери

Post Views: 0 Сите хриѓани и охриѓанки кои се навозраст од 7 до 17 години, а имаат желба и талент да се занимаваат со театарската игра, сега имаат можност да бидат дел од Детското драмско студио кое од 1-ви март 2015 година ќе работи во рамки на охридскиот Народен театар. Уписите се во тек, а сите заинтересирани можат да се пријават секој работен ден во просториите на Центарот за култура „Григор Прличев” во Охрид. Со членовите од драмското студио ќе работат ангажирани професионални театарски работници, кои се дел од тимот на оваа културна установа. {loadposition content9}  

Continue reading

solza

Денеска е меѓународен ден на деца жртви на насилство

Post Views: 1 Првата детска амбасада во светот Меѓаши како организација која се грижи за заштита на децата и нивните права потсетува на значењето и целта на овој  меѓународен ден, а тоа е да се признае болката која децата ја претрпуваат насекаде низ светот како резултат на физичко, ментално и емоционално злоставување. Од добиените податоци од работата на СОС телефонот за деца и млади од Меѓаши соопштуваат дека дошле до заклучок дека децата ретко имаат храброст да го пријават насилството, тие се исплашени и се чувствуват немоќно. “Во текот на минатата 2010 година на СОС телефонот за...

Continue reading

unesko

Унеско со финансиска поддршка за манифестации од културата

Post Views: 5 Дополнителна финансиска инекција за културните манифестации во градот. Националната комисија за УНЕСКО ќе доделува  финансика поддршка за проекти на јавните институции и на  граѓанските здруженија. Ова е нова можност  да се збогатат културните содржини на престојните активности. Предлог-проектите треба да се однесуваат на активности од областа на културата.Останува да се види дали оваа можност ќе ја искористат културните манифестации од градот како што се Охридско лето, Балкански фестивал, Охридски староградски средби и други. Директорот на јавната установа Центар за...

Continue reading

opstina debrca

Дебрца ќе стане модерна и современа општина

Post Views: 7 Осовремување и модернизација на Општина Дебрца, главна заложба на градоначалникот  Игор Трајкоски за 2015 година. Тој најави повеќе проекти меѓу кои изградба на систем за фекална канализација во село Велмеј како приоритетен. Според Трајкоски системот ќе биде во должина од 9354 метри, а ќе се состои од главен крак, колектор кој ќе минува низ средината на селото и кој ќе ги прифаќа останатите секундарни краци. „Во овај проект предвидени се вкупно 237 ревизиони и каскадни шахти. Секундарните краци  ќе се поставени на начин, да ги зафаќаат отпадните води од сите објекти ...

Continue reading

humanitaren koncert

Голем хуманитарен концерт за помош на поплавените жители

Post Views: 1 Охрид дел од иницијативата за собирање на помош за жителите од поплавените подрачја во Република Македонија. Утре 8-ми февруари 2015 година во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе се одржи голем Хуманитарен концерт. Координаторот на концертот,  Дарко Мојсоски вели дека со организација на еден ваков хуманитарен концерт со настап на познатите музички имиња ќе се даде еден мал допринос за помош на нашите сограѓани. „По повод новонастанатите природни катастрофи кои што се случија во РМакедонија, поплавите во некои подрачја, излеговме со проект  концерт за помош на настраданите...

Continue reading

gimnazija

Хуманите охридски гимназијалци на дело

Post Views: 2 Учениците од Младинската заедница при ОСУ „Св. Климент Охридски“ – Охрид, организираа хуманитарна акција за помош на семејствата од поплавените подрачја низ Македонија. Се собираа прехрамбени продукти, средства за хигиена и вода за пиење. Во акцијата се приклучија и наставниците кои исто така донираа разни намирници, но и парични средства преку телефонските броеви за поддршка на хуманитарната акција. Собраните средства ќе бидат доставени до Црвен крст – Охрид, од кадешто истите ќе бидат дистрибуирани до потребните места. Младите од охридската Гимназија изразија надеж...

Continue reading

Ladies and gentlemen … Астерфест

Post Views: 1 Селекторката Астрид Бусинк од Амстердам ги одбираше документарните филмови според темата блиско а далечно. За нејзината селекција таа вели: “Од Шпанката која ги брои луѓето што поминуваат до љубовно писмо читано од туѓинци или средба со Хитлер, овогодишниот избор на документарни филмови е разнобојна мешавина која патува низ време, места и емоции. Без разлика дали ја гледаме емиграцијата на семејството Туарези, старите нацистички снимки, шивачките или обезбедувањето на врата на ноќен клуб, колку и да е тоа далеку или одамна, во овие филмови сè е лично.” Омар Абу ел Руб...

Continue reading

opst stan

Во Охрид останаа уште 30 општествени станови за откуп или закуп

Post Views: 2 Во Охрид има 30 општествени станови со нерегулиран статус. Граѓаните корисници на вакви станови согласно последните измени на Законот за домување имаат рок до 31 март годинава, да поднесат барање за откуп или закуп. Првиот човек на охридската подружницата на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор на Македонија, Гоце Георгиески, потсетува дека нивните служби им стојат на располагање на граѓаните за да им дадат инструкции како и под кои услови можат да склучат договор со Министерството за транспорт и врски. „Ги замолувам сите станари...

Continue reading

studenti

Софтвер против плагијатите на македонските студенти

Post Views: 10 Министерството за образование и наука ќе воведе софтвер кој ќе овозможи брзо и лесно пронаоѓање на трудови кои се плагијат на веќе објавени, оценувани или презентирани трудови. Софтверот ќе го изработи македонска компанија, ќе чини околу 1.200.000 денари а универзитетите ќе можат да го користат бесплатно. Во системот ќе бидат имплементирани ефикасни алгоритми и статистички методи за определување на оригиналност на документи и пребарување на текстот. Системот ќе користи напредни техники за индексирање и мапирање на текст и ќе работи со документи напишани на македонски,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top