Софтвер против плагијатите на македонските студенти

Министерството за образование и наука ќе воведе софтвер кој ќе овозможи брзо и лесно пронаоѓање на трудови кои се плагијат на веќе објавени, оценувани или презентирани трудови.

 |   | 
studenti
студенти

Министерството за образование и наука ќе воведе софтвер кој ќе овозможи брзо и лесно пронаоѓање на трудови кои се плагијат на веќе објавени, оценувани или презентирани трудови.

studentСофтверот ќе го изработи македонска компанија, ќе чини околу 1.200.000 денари а универзитетите ќе можат да го користат бесплатно.

Во системот ќе бидат имплементирани ефикасни алгоритми и статистички методи за определување на оригиналност на документи и пребарување на текстот.

Системот ќе користи напредни техники за индексирање и мапирање на текст и ќе работи со документи напишани на македонски, албански, англиски или било кој друг јазик.

Во системот ќе бидат внесени сите досегашни трудови во електронска форма кои ги има добиено Министерството, а софтверот ќе почне да функционира за околу шест месеци.

Министерот Тодоров истакна дека  ќе треба да поминат една до две години за да се наполни базата со трудови за да може софтверот да го спореди веќе објавеното со она што ќе се објавува во иднина.

Казни за сите оние дела кои ќе бидат оценети како плагијат нема да има но Тодоров објаснува дека тоа е најголемата замка во која може да падне еден научник и еден од најголемите срамови за истиот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top