Голем хуманитарен концерт за помош на поплавените жители

Познати музички имиња од Охрид и од македонската сцена,ќе ги забавуваат  охриѓани во Центарот за култура „Григор Прличев“. Целта е да се соберат што повеќе средства за помош на жителите од поплавените подрачја во земјава.

 |  Николоска Биљана  | 
humanitaren koncert
хуманитарен концерт

Охрид дел од иницијативата за собирање на помош за жителите од поплавените подрачја во Република Македонија. Утре 8-ми февруари 2015 година во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе се одржи голем Хуманитарен концерт. Координаторот на концертот,  Дарко Мојсоски вели дека со организација на еден ваков хуманитарен концерт со настап на познатите музички имиња ќе се даде еден мал допринос за помош на нашите сограѓани.

poplavi„По повод новонастанатите природни катастрофи кои што се случија во РМакедонија, поплавите во некои подрачја, излеговме со проект  концерт за помош на настраданите жителите од овие подрачја. Собраните средства кој ќе бидат таа вечер собрани од продажбата на карти ќе бидат уплатени преку отворената сметката на Комерцијална банка“.

Мојсоски кажува дека средствата кои биле собрани од привиот концерт кој што го организираа во чест на Тоше Проески, не ги задоволиле нивните очекувања но утре очекуваат поголем одзив од охриѓани.

„Сега се надеваме на поголем одзив од страна на граѓаните, бидејќи сега навистина помошта за овие луѓе е повеќе од неопходна и мора на овој начин да се помогне бидејќи се работи за големи музички имиња од Охрид а и луѓе што се познати на македонската сцена“.

На концертот ќе настапат Камелеон, Ѓоко Танески, The Backdoor Band, Дамјан Пејчиноски, Група Романса, Street Spirit, Betty’s Boobs, Ирма Гогова, Натали Илијоска во придружба на Виктор Јолакоски и Ангела Николоска. Поддржувачи на концертот се Лабино саунд, ЦК „Григор Прличев“, Печатница НИПОН, Лајонс клубовите од Охрид, Унијата на млади сили на ВМРО – ДПМНЕ од Охрид и Охридскиот Локален совет на млади. Концертот започнува во 20 часот, а влезот чини 100 денари.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top