Во Охрид останаа уште 30 општествени станови за откуп или закуп

На подрачјето на Охрид има триесет корисници на општествени станови. Тие до 31 март годинава треба да го регулираат нивното станарско право и да поденсат барање за закуп или откуп до Министерството за транспорт и врски. Од Подружницата за станбен и деловен простор апелираат сите корисници на општествени станови да остварат средба со нивните тимови, кои во понеделник, среда и петок почнаа да работат до 19 часот, со цел детално да бидат информирани за сите услови за откуп на становите.

 |  Николоска Биљана  | 
opst stan
општ стган

opst stanВо Охрид има 30 општествени станови со нерегулиран статус. Граѓаните корисници на вакви станови согласно последните измени на Законот за домување имаат рок до 31 март годинава, да поднесат барање за откуп или закуп. Првиот човек на охридската подружницата на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор на Македонија, Гоце Георгиески, потсетува дека нивните служби им стојат на располагање на граѓаните за да им дадат инструкции како и под кои услови можат да склучат договор со Министерството за транспорт и врски.

„Ги замолувам сите станари да поденсат барање до Министерството за транспорт и врска да го искористат овој последен рок што го дава министерството за  да го решиме нивнто станбено прашање, доколку го запазат овој период до 31 март годинава, МТВ доколку одговори негативно во однос на комплетирање на документи, ќе се обратат корисниците до Подружницата во Охрид и ќе имаат право повторно да склучат договори, меѓутоа ќе се оди за купување преку Акционерскот Друштво или за закуп ќе треба повторно да поденсат барање до МТВ“ – апелира Георгиески.

opst stanЗакупот на општествените станови зависи на која категорија припаѓаат граѓаните, објаснува Георгиески. Тој кажа дека има 4 категории и тоа лица со социјален ризик или приматели на социјална помош, лица со ниски примања, лица со просечни и со високи примања. Ослободени од понатамошни плаќања на кирија ќе бидат примателите на социјална помош, додава Георгиески. Исто така директрот ги нагласи и останатите поволности при откуп на општествените станови.

„Откупот на општествените станови значи становите да ги добиваат со реален попуст со 70% попуст од реалната цена на становите бидејќи сепак тие се користени амортизирани и реално по дисконтни цени да си ги купат станарите. Во таа пресметка влегува  и заостанатиот рок. Во зависност од категоријата на која припаѓа купецот може да се склучи договор долгорочно на 30 година со 5% учество 30% “ – наглсува Георгиески.

Директорот на подружницата кажа дека во Дебар има 29 станови од ФП Програмата односно за лицата со ниски примања и нагласи дека и за нив важат сите правила и услови за откуп на становите. Георгиески информира дека сите подрачни единици на Акционерското друштво во понеделник, среда и петок ќе работаат до 19 часот и сите заинтересирани ќе можат да остварат средба со нивните тимови, со цел да бидат известени за сите информации околу нивните права за откуп  или закуп на општествените станови.

{loadpsition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top