Post Views: 6
На први септември учениците од централниот објект на ОУ „ Братство Единство “ ќе влезат од задниот влез на школото. Советот на родители и управата на школото на овој потег се решиле заради безбедност на учениците. Одлучиле да се затвори главниот влез во централната училишна зграда заради напукнувања на носечкиот столб над влезот. Пропаднати се и надворешните скали кои водат до влезната врата. Оштетувањата се од серијата земјотреси кој го зафатија Охрид во јуни и јули, а посериозни оштетувања претрпеа главниот влез и фискултурната сала. Санација и поправки на училишниот...
Post Views: 3
Состојбата со корона вирусот во струшко е стабилна. Во модуларната болница има само 5 хоспитализирани пациенти позитивни на Ковид. Најстариот има 84 години, а најмладиот болнички пациент е на возраст од 66 години. Само еден од нив е во потешка состојба на кислородна поддршка.
Откако се намали бројот на заболени, изминатиов месец интерното и хируршкото одделение во болницата се вратија во нормала и работат со редовните пациенти.
Ситуацијата е стабилна и моментално располагаме со сите потребни ресурси од аспект на кадар, опрема и капацитети така што подготвени сме и за...
Post Views: 5
Градоначалникот Никола Бакрачески денеска даде отчет пред граѓаните за сработеното во неговиот мандат. Тој рече дека ваквото јавно излагање ќе биде сведоштво за идните генерации како оваа постава на локална самоуправа, во еден исклучително тежок период на долгови и политички кризи постигна вредни резултати. Градоначалникот потенцира дека најпрво се зафатиле со подобрување на организираноста и ефикасноста на администрацијата што било пресудно за реализација на зацртаните програми.
Почитувани, со сигурност можам да кажам, за првпат во историјата на Охрид, долговите...
Post Views: 0
Воска Спорт славеше со убедлива победа над екипата на Гостивар. Во овој меч кој што беше одигран со многу тензии, Воска успеа да постигне дури 4 гола, а домаќинот Гостивар не оствари ниту еден гол. Ова е прва победа за Воска во новата сезона од Втората македонска фудбалска лига и воедно првите три бода за овој одличен тим.
Првото полувреме заврши со резултат 0:0, но затоа во вториот дел од натреварот тимот од „ГРАШНИЦА“ доминираше на теренот. Капитенот Изаир Емини ја погоди противничката мрежа во 58. минута. Потоа Шпенд Асани погоди за 0:2. Стрелци на останатите два...
Post Views: 2
Преполовена годинешната реколта на грозјето во охридско од пролетните мразеви. Лозарите ќе претрпат големи загуби од годинешната берба на грозјето. Големи штети има врз локалните сорти грозје како што е вранецот, а како поотпорна на мразот се покажала сортата хамбург, информира агрономот Мирослав Трајчески.
„Ситуацијата не е сјајна родот е намален во зависност од регионот некаде од 50 до 60 посто. Погоден е регионот каде што гравитираат селата Косел, Лакочереј, Вапила. Штети има и во Требеништа и Мешеишта иако за нијанса помали, но и таму има големи штети и родот е преполовен“,...
Post Views: 3
Откажа еден од главните делови од компјутерскиот томограф на Одделот за радиологија при Општа болница Охрид. Првиот човек на оваа установа Мр Славица Малеска Стојадиновиќ појаснува дека станува збор за откажување на рентгенската цевка, за што тие веднаш презеле соодветни мерки. Контактиран бил генералниот застапник за Македонија, фирмата Нет Електроник од Скопје, со цел да добијат стручно мислење за настанатиот проблем.
„ Кога дојдоа од Нет Елктроник направија записник во кој се констатира дефект. Јас би цитирала дел од тоа: „Дотраеноста, односно максималната искористеност...
Post Views: 0
Остриот пад на рубљата би можел да ја доведе руската автоиндустрија до колапс. Поради потпирањето на странските производители на автомобилски делови, а имајќи ги во предвид разликите во валутните курсеви, производителите се присилени на подигнување на цените на автомобилите за да ги надоместат трошоците. На овој начин руските производители стануваат неконкурентни на пазарите.Земјата која бележи економски пад од 4,6% во второто тромесечие може да очекува понатамошно слабеење на националната валута. “Доколку рубљата продолжи со паѓање, пазарот би можел да опадне за 30%”,...
Post Views: 5
Едната љубител на математиката и информатиката, другата со огромна љубов кон природните науки, особено физиката, Маја и Марина се дефинитивно едни од најдобрите средношколки во Македонија. Потврда за тоа се и резултатите од Државниот испитен центар на македонски наставен јазик за државната матура, каде Маја и Мартина се во самиот врв. Соученичките од охридската гимназија „Св Климен Охридски“ ни ја откриваат формулата за тоа што е потребно да се стане најдобриот матурант во Македонија.
„Секако дека треба континуирао учење од четирите средношколски години, како што го...
Post Views: 1
Вечерва извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи вонредна седница на која единствена точка на дневен ред ќе биде одлуката на ДУИ во понеделник да побара распуштање на парламентот.
Ако и ВМРО-ДПМНЕ се согласи со оваа одлука на нивниот коалициски партнер, тогаш владеачката коалиција лесно ќе го обезбеди потребното мнозинство за самораспуштање на парламентот. Тоа ќе значи дека веќе наредната недела претседателот на Собранието Трајко Вељаноски би можел да ги распише предвремените парламентарни избори.
Ова би биле осми по ред парламентарни избори. Ваквото сценарио е актуелно...
Post Views: 1
22. 808 денари изнесува просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во месец јуни оваа година. Индексот на просечната месечна исплатена, нето-плата по вработен во земјава покажува зголемување. Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јуни 2017 година, во однос на јуни 2016 година, изнесува 102.8.
20 проценти има зголемување на просечните месечни исплати на нето-платите на вработените во секторите уметност, забава и рекреација. За 9.8 проценти пораснале платите во стручните, научните...
Post Views: 0
Основните училишта во градов забрзано се подготвуваат за новата учебна година. Распустот беше искористен за да се реновираат, исфарбаат, за да се уредат училниците, а се работеше и на дворните површини. Во уредувањето на ОУ „Христо Узунов“ биле вклучени и вработените. Директорот Тони Симоноски вели дека сите заедно работеле за училиштето на 1ви септември да светне во полн сјај.
Деновиве сме во фаза на правење дератизација и дезинсекција, а поради земјотресите кои го зафатија нашиов регион летово ние направивме и една сеизмолошка анализа на нашата зграда и можам да кажам...
Post Views: 5
Одбележан Денот на Охридското езеро. Годинава домаќин општина Струга. Градоначалникот Рамиз Мерко, ја пофали десетгодишната соработка со двете соседни општини Охрид и Подградец, и посебно стави акцент на бенефитот од збратувањето.
„Денеска ние се движиме на граница меѓу Македонија и Албанија со лични карти“-истакна Мерко.
Изминативе 10 години постигнавме добра соработка, така и ќе продолжиме, нагласи градоначалникот на Подградец, од соседна Албанија, Артан Шкмби.
„Имаме доста вложување во заедничка трговија и заеднички вложувања во заштита на Охридското езеро, значи...