Воска Спорт „бомбардираше“ со голови во Гостивар

Воска Спорт на гостински терен ја победи екипата на Гостивар со резултат 0:4. Стрелци на головите беа Изаир Емини, Шпенд Асани, Бехар Фета и Албнор Каба.

 |   | 

Воска Спорт славеше со убедлива победа над екипата на Гостивар. Во овој меч кој што беше одигран со многу тензии, Воска успеа да постигне дури 4 гола, а домаќинот Гостивар не оствари ниту еден гол. Ова е прва победа за Воска во новата сезона од Втората македонска фудбалска лига и воедно првите три бода за овој одличен тим.

Првото полувреме заврши со резултат 0:0, но затоа во вториот дел од натреварот тимот од „ГРАШНИЦА“ доминираше на теренот. Капитенот Изаир Емини ја погоди противничката мрежа во 58. минута. Потоа Шпенд Асани погоди за 0:2. Стрелци на останатите два голови беа Бехар Фета и Албнор Каба.

Охридскиот тим уште еднаш покажа дека е сериозен кандидат за влез во Елитата.

Следен нивни натпревар е во недела на 29-ти август против екипата на ФК Кораб-Дебар, со почеток од 16 часот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top