Просечната нето плата во јуни изнесувала 22. 808 денари ен

Индексот на просечната месечна исплата во јуни е во пораст и изнесува 102.8. Зголемувањето годинава споредено со истиот период лани се должи на растот на месечната плата во неколку сектори меѓу кои забавата и рекреација. Намалување на просечната плата во споредба со минатиот месец има во неколку дејности како што се градежништвото и трговијата на големо и мало, соопшти Државниот завод за статистика.

 |  Валентина Неловска  | 

22. 808 денари изнесува просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во месец јуни оваа година. Индексот на просечната месечна исплатена, нето-плата по вработен во земјава покажува зголемување. Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јуни 2017 година, во однос на јуни 2016 година, изнесува 102.8.

20 проценти има зголемување на просечните месечни исплати на нето-платите на вработените во секторите уметност, забава и рекреација. За 9.8 проценти пораснале платите во стручните, научните и техничките дејности и 7,4 проценти во рударство и вадење на камен.

Намалување, пак на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во однос на претходниот месец има во секторите: рударство и вадење на камен од 7.5%, 4.1% во градежништвото и трговија на големо и трговија на мало, а 3,0 проценти во дејноста поправка на моторни возила и мотоцикли.

 Во месец јуни, пак 1.1% од вработените во Република Македонија не зеле плата.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top