Post Views: 1
Женскиот Лајонс Клуб „Деница“ од Охрид и годинава ја продолжи традицијата на засадување бели рози. Паркот наспроти хотел Гарден денеска беше разубавен со 50 нови садници на бели рози.
Со оваа активност, која што трае веќе 5 години, Дениците не само што го облагородуваат и разубавуваат паркот низ кој секојдневно минуваат голем број граѓани и туристи туку даваат и еколошки придонес за почиста животна средина. Белите рози не само што убаво изгледаат туку тие се и многу корисни бидејќи ги апсорбираат тешките метали од почвата. Климата во Охрид, температурата на воздухот,...
Post Views: 0
Повторно се активираат градежни работи на Али пашината џамија. По одреден застој деновиве поставени се скелиња на кои ќе се работи. ТВМ Телевизија упати прашање до НУ Завод за заштита на спомениците и Музеј – Охрид во кое се бара одговор на што се донесуваат градежните активности во моментов. Од таму допрва ќе се произнесат по нашето барање. Во меѓувреме дел од охриѓани со свои ставови и размислувања околу проектот со кој се планира изградба на минарето високо 32 метри во охридската чаршија. Сметаат дека ќе се променат визурите на градот и надлежните треба да водат...
Post Views: 2
Јакната ја дизајнирал 29-годишниот студент Hiral Sanghavi, а таа во себе содржи сѐ што на било кој патник може да му затреба. Така јакната има петнаесетина функции меѓу кои се и вградено перниче за спиење, маска за очи и специјален џеб со полнач за мобилни телефони.
Sanghavi изјавил дека неговата првична цел била по пат на кампања на Kickstarter да собере 20.000 долари, но на крајот собрал неверојатни 9,19 милиони долари и со тоа ја довел својата јакна до статусот на најфансцинантен предмет за облекување.
За CNN изјавил дека идејата за креирање на јакната ја дала неговата...
Post Views: 0
Претстојниот викенд, во сабота, во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе биде одиграна четвртата епизода од третата сезона на популарната Импровокација со Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски и Филип Кипровски, потпомогнати од домаќинот на шоуто Филип Ангеличин – Жура. Ексклузивно за ова издание екипата на Имрпвокација има нов член, кој засега не се открива.
Почетокот на шоуто е во 20.00 часот во добро познатиот „ќерал“ на Народниот Театар во Охрид.
Картите во продажба се пуштени денеска, понеделник,во Музичка Продавница Зизи Топ по цена од 150 денари и 200...
Post Views: 2
Охриѓани и туристите веќе ќе немаат причина за дилема каков е квалитетот на водата што ја пијат од јавните чешми во градов. ЦЗЈЗ ќе врши мапирање на сите артерски чешми од кои ќе се земаат примероци кои ќе се испитуваат еднаш месечно, а податоците ќе бидат редовно ажурирани на веб страната на центарот. Ќе има и посовремена можност за граѓаните да видат со каков квалитет е водата што ја пијат од конкретна чешма. Се планира да се направи апликација која може да се инсталира на мобилен телефон.
Овие новини се со цел да бидеме што потранспарентни. Граѓаните имаат право да...
Post Views: 1
Државната изборна комисија денес треба да го одреди редоследот на претседателските кандидати на избирачкото ливче по пат на ждребување и добиената листа веднаш ќе ја објави во Службен весник.
Изборната кампања за претседателските избори започнува на 24 март. Првиот круг на изборите ќе се одржи на 13 април, а евентуален втор круг закажан е за 27 април.
Денес 17-ти март, истекува рокот во кој е предвидено политичките партии до ДИК да достават барање за запишување, дополнување или бришење на податоци во Избирачкиот список за претседателските избори. По ова барање ДИК треба...
Post Views: 4
Неодамнешната посета на општина Охрид од страна на шеикот Јасим Бин Хамад Ал Тани од Катар предизвика лавини реакции во јавност. Во чаршиските но и во некои од медиумските кулоари се исплетоа разни коментари и сомнежи околу поводот и причината за неговата посета и средба со првиот човек на градот проф. Јован Стојаноски. Но во суштина на што се должеше посетата на шеикот од Катар, појаснува градоначалникот Стојаноски. Според него средбата била протоколарна и на делегацијата и биле презентирани можностите за инвестиции во областа на туризмот и хотелиерството.
„Човекот...
Post Views: 0
Промовиран Зелениот пакет за јуниори. Тоа е прирачник за екологија, кој зборува за подигање на јавната свест од рана возраст, истакна Министерот за просторно планирање и животна средина Абдулаќим Адеми. Неговата примена ќе биде во основното образование како изборен предмет со интенција да премине во училишен предмет, додаде министерот.
„Ние како министерство и понатаму ќе соработуваме со канцеларијата на РЕЦ и со другите институции се со цел овој пакет да биде потполно искористен од наставниците и училиштата, вели Адеми.
Зелениот пакет за јуниори е изработен во тесна...
Post Views: 2
Финансиската состојба на Општата болница во Охрид е незавидна. Таа има наследен долг од околу 2,5 до 3 милиони евра. Жиро сметката на оваа здравствена установа е блокирана, а секојдневно доспеваат нови побарувања од правни лица кои извршиле услуги за болницата, а не им се исплатени. Директорката на болницата Славица Малеска Стојадиновиќ вели дека оваа состојбата ја затекнала кога пред три месеци била назначена за прв човек на оваа установа.
Се обративме и до државниот завод за ревизија од каде ќе се направи контрола и тогаш точно ќе знаеме колкава е висината на долгот,...
Post Views: 1
Голем број водоводите во селските средини немаат дезинфекционо средство. Од Центарот за јавно здравје сметаат дека со водите од селските средини треба стручно да се стопанисува па заради тоа од Центарот ќе поднесе иницијатива за стопанисување со селски водоводи до локалните самоуправи на Охрид, Струга, Дебар, Дебрца и Центар Жупа. Директорот Сашо Точко предупредува дека во услови кога водата која што се пие од селските водоводи не се дезинфицира, таа здравствено не е безбедна за пиење.
„Тоа навистина мора да се надмине 21 век сме уште да зборуваме…не за недостаток...
Post Views: 0
Во Охрид и на крајбрежјето угостителите ги почитуваат протоколите за проверка на гостите дали поседуваат сертификат за имунизација. Од 16 август од кога е на сила оваа мерка за заштита на населението од ковид 19 инспекторите од државниот пазарен инспекторат при спроведените контроли не затекнале гости во локалите без сертификат за имунизација, информира Цветко Ристески, началник на Државниот пазарен инспекторат поддрачна единица Охрид.
Во овој период, во овие две седмици, од кога се постапува не се констатирани неправилности. Продолжуваме со инспекцискиот надзор во...
Post Views: 2
Се повеќе луѓе живеат под прагот на сиромаштија и се побројни се оние на кои им е потребна помош од заедницата за да се прехранат. Црвен крст Охрид од денес започна со поделба на хуманитарни пакети на социјално загрозени семејства од Охрид и Дебрца а во рамки на спроведената хуманитарна собирна акција по повод неделата на борба против гладта. Кон оваа хумана акција се вклучија и лајонс Клуб Десарети и Лајонс клуб Охрид. Лајонс клуб Десарети по десетти пат се вклуваат во Неделата за борба против гладта. Годинава обезбедија 30 пакети за социјално ранливата категорија граѓани.Членовите...