• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Новиот менаџерски тим на Општата болница во Охрид оптимистички настроен околу одблокирањето на нивната жиро сметка

Новиот менаџерски тим на Општата болница во Охрид оптимистички настроен околу одблокирањето на нивната жиро сметка

Новиот менаџерски тим на Општата болница во Охрид оптимистички настроен околу одблокирањето на нивната жиро сметка. Оваа здравствена установа поради наталожен долг од минатото поради што е со блокирана жиро сметка.тешко може да функционира. Новата директорка вели дека и министерството з аздравство и Фондот за здравствено осигурување имаат слух за да им помогнат да се надмине оваа финансиска потешкотија.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Финансиската состојба на Општата болница во Охрид е незавидна. Таа има наследен долг од околу 2,5 до 3 милиони евра. Жиро сметката на оваа здравствена установа е блокирана, а секојдневно доспеваат нови побарувања од правни лица кои извршиле услуги за болницата, а не им се исплатени. Директорката на болницата Славица Малеска Стојадиновиќ вели дека оваа состојбата ја затекнала кога пред три месеци била назначена за прв човек на оваа установа.

Се обративме и до државниот завод за ревизија од каде ќе се направи контрола и тогаш точно ќе знаеме колкава е висината на долгот, вели Стојадиновиќ.

Директорката кажува дека многу тешко е да се работи во услови на блокирана жиро сметка. Затоа уште веднаш стапиле во контакт и со Министерството за здравство и со Фондот за здравствено осигурување каде им била предочена целокупната состојба.

Ни ветија дека ќе ни помогнат во тој дел, а и со дел од фирмите од кои што се извршени набавките е стапено во контакт за да исплаќаме на рати за да можеме да склучиме спогодби. Со некои веќе имаме склучено. На овој начин се надевам дека ќе успееме да се одблокираме, вели Стојадиновиќ.

Директорката е оптимист дека за брзо време ќе успеат да ја одблокираат сметката и дека болницата ќе може да работи со полн капацитет. Долгот кој е наследен и кој е правен години наназад сукцесивно ќе се враќа, но при тоа нема да се занемари ниту развојот на оваа здравствена установа во која просторните и техничките услови се повеќе се зголемуваат земајќи го во предвид фактот што прераснува во регионален центар во кој се лекуваат пациенти од државава,но и од соседна Албанија.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top