Инспекторите не затекнале гости во охридските локали без сертификати за имунизација

Нема прекршување на законската одредба нити во единствениот охридски трговски мол. Но затоа, пак инспекторите затекнале и казниле  нерегистрирани улични продавачи на овошје и зеленчук.

 |   | 

Во Охрид и на крајбрежјето угостителите ги почитуваат протоколите за проверка на гостите дали поседуваат сертификат за имунизација. Од 16 август од кога е на сила оваа мерка за заштита на населението од ковид 19 инспекторите од државниот пазарен инспекторат при спроведените контроли  не затекнале гости во локалите без сертификат за имунизација, информира Цветко Ристески, началник на Државниот пазарен инспекторат поддрачна единица Охрид.

Во овој период, во овие две седмици, од кога се постапува не се констатирани неправилности. Продолжуваме со инспекцискиот надзор во тој дел и во наредниот период септември, октомври, се додека е во сила оваа одлука ќе се вршат инспекцики надзори во делот на поседување сертификати за вакцинирање – истакна Ристески.

Нема прекршување на законската одредба нити во единствениот охридски трговски мол на Кам. И таму редарите ја спроведуваат одлуката посетителите да имаат сертификат за имунизација против ковид19. Покрај овие контроли во летниот период инспекторите правеле проверка и на нелегалните продавачи на храна. 

Контролирани се и продавачи на улица.Во соработка со Општинскиот пазарен инспекторат и МВР се проверувани и продавачи на зеленчук и овошје. При тоа се изречени 10 глоби во вкупен износ од 2000 евра на сите физички лица. Изречени се казни за продажба на нерегистрирани земјоделски производи на улица и тротоари – додава Ристески.

Државниот пазарен инспекторат спровел од 30 јули до сега 226 инспекциски надзори и контроли над угостителски и други објекти кои стопанисуваат во општина Охрид. Согласно законот за заштита на населението од заразни болести изречени се четири глоби во висина од 15.000 евра за  организаторите на музички настани кои не ги почитувале протоколите. Изрекле 7800 евра според законот за трговски друштва, а според Законот за угоститеска дејност субјектите од оваа гранка заработиле глоби од 1600 евра.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top