Се повеќе охриѓани имаат потреба од помош од храна

Се проширува списокот на охриѓани кои имаат потреба од помош во прехрамбени производи. Црвениот крст Охрид во соработка со Лајонс клуб Десарети и Лајонс клуб Охрид обезбеди пакети за социјално ранливата категорија граѓани.

 |  Валентина Неловска  | 

Се повеќе луѓе живеат под прагот на сиромаштија и се побројни се оние на кои им е потребна помош од заедницата за да се прехранат. Црвен крст Охрид од денес започна со поделба на хуманитарни пакети на социјално загрозени семејства од Охрид и Дебрца а во рамки на спроведената хуманитарна собирна акција по повод неделата на борба против гладта. Кон оваа хумана акција се вклучија и лајонс Клуб Десарети и Лајонс клуб Охрид. Лајонс клуб Десарети по десетти пат се вклуваат во Неделата за борба против гладта. Годинава обезбедија 30 пакети за социјално ранливата категорија граѓани.Членовите во секоја пригода кога станува збор за хумани акции од овој тип несебично се вклучуват ,информира Вангел Спироски претседател на Лајонс клуб Десарети .

„ Се согласуваме помошта треба да е поголема. Ние сме 30 членови во клубот и симболично дониравме 30 пакети. Постојано соработуваме со Црвен крст и се вклучуваме и во други хуманитарни акции. Донираме и ги помагаме акциите како организација“ вели Спироски.

Мимоза Ставрева секретар на ОО ЦК се заблагодари на донацијата од Лајонс клуб Десарети. Донациите се добредојдени и секое малку за некој кој нема може да биде многу , рече при тоа Ставрева.

„Ниваната хуманост придонесува да подариме насмевка на неколку семејства од Охрид денес, а ваква помош ќе биде добредојдена и во иднина за социјално ранливото население“, напоменува Ставрева.

Од ОО ЦК велат за жал списокот на охриѓани кои имаат потреба од храна станува се поширок.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top