Импровокација во сабота со нов член во екипата

Ексклузивно за ова издание екипата на Импровокација има нов член, кој засега не се открива.

 |   | 

Претстојниот викенд, во сабота, во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе биде одиграна четвртата епизода од третата сезона на популарната Импровокација со Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски и Филип Кипровски, потпомогнати од домаќинот на шоуто Филип Ангеличин – Жура. Ексклузивно за ова издание екипата на Имрпвокација има нов член, кој засега не се открива.


Почетокот на шоуто е во 20.00 часот во добро познатиот „ќерал“ на Народниот Театар во Охрид.

Картите во продажба се пуштени денеска, понеделник,во Музичка Продавница Зизи Топ по цена од 150 денари и 200 денари на денот на шоуто

Карти може да резервирате и на телефонскиот број 075283066 од 11.00-15.00 часот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top