иницијатива за стопанисување со селските водоводи

Во голем дел од селата во охридскиот регион водоснабдувањето е ризично. Тоа е поради бактериолошката неисправност на водата за пиење бидејќи водоводите во селските средини не се хлорираат, односно не се става дезинфекционо средство. Центарот за јавно здравје од Охрид за надминување на овој проблем покренува иницијатива за стопанисување со селските водоводи во соработка со локалните самоуправи на општините кои ги покрива охридскиот центар.

 |  Николоска Биљана  | 

Голем број водоводите во селските средини немаат дезинфекционо средство. Од Центарот за јавно здравје сметаат дека со водите од селските средини треба стручно да се стопанисува па заради тоа од Центарот ќе поднесе иницијатива за стопанисување со селски водоводи до локалните самоуправи на Охрид, Струга, Дебар, Дебрца и Центар Жупа. Директорот Сашо Точко предупредува дека во услови кога водата која што се пие од селските водоводи не се дезинфицира, таа здравствено не е безбедна за пиење.

Тоа навистина мора да се надмине 21 век сме уште да зборуваме…не за недостаток на вода, можда во 21 век нормално е да се зборува за недостаток на вода, туку за вода која што ја има во изобилие а не може да ја дистрибуирате до секој граѓанин да биде чиста здрава и безбедна за пиење. Таа иницијатива очекуваме да биде прифатена, значи ќе имаме и со инспекциските служби и со градоначалниците за да се пронајде начин да се реши овој проблем и како понатака граѓаните бидат сигурни во она што го конзумираат

Точков категоричен е дека не смее да дозволиме свесно да прогледуваме низ прсти на работите кои имаат негативни последици врз здравјето на човекот.

Пред се насочени сме кон селските средини затоа што години нанзад сведоци сме на навистина можеби прегруб збор ама неодговорно стопанисување со дел од водоводите во селските средини затоа што најчесто недостасува дезинфекционо средство, она што значи сигурност дека водата нема да биде загадена од патогени бактерии“

Точков вели дека и покрај забраната за користење на водата од селските водоводи, кај најголем дел од мештаните влијае и нивниот менталитет, сметаат дека со години ја конзумираат и дека е во ред бидејќи не се соочиле со сериозни последици по нивното здравје. Точков смета дека за одржувањето на селските водоводи треба да се ангажираат стручњаци од градските водоводни претпријатија, кои ќе ја дезинфицираат водата и таа редовно да биде исправна за пиење.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top