Post Views: 13
Реални вработувања посебно за младите од Охрид, ќе биде бенефитот од реализација на проектот за основање на нови претпријатија и зајакнување на постоечките, истакна првиот човек на градот проф. Јован Стојаноски. Тој денес во хотел Тино Охрид ја отвори Конференцијата за размена на искуства и Саемот за вработување Градоначалникот Стојаноски нагласи дека општина Охрид со овој проект покажала сериозна заинтересираност за зголемување на бројот на работни места во нашиот град, појаснувајќи во каква состојба се нашите претпријатија.
„Постоечките претпријатија во моментот се...
Post Views: 8
Со одлука на градоначалникот на Општина Охрид, Јован Стојаноски, од денес четири јавни претпријатија во градов, две основни училишта и детската градинка „Јасна Ристеска“ добија нови Вршители на Должност.
За ВД директор во ЈП „Билјанини извори“ е назначена Гордана Јованоска, а на оваа позиција во „Ниско Градба“ е поставен Гоце Ѓоршески. ВД директор на ЈП „Охридски Комуналец“ е Лупчо Грданоски, а во ЈП „Градски Пазар“, Кристина Крлеска- Деспотоска.
За ВД директор во ОУ „Св. Климент Охридски“ е поставена Наташа Танеска која доаѓа на местото на Јордан Пуроски, а Елена Ел-...
Post Views: 1
Голема е бројката на лица кои се борат со минусите на тековните сметки, а некои се толку должни што и покрај платата сеуште се наоѓаат во голем негативен минус. Кога се нема заштеда најважно е да се соочите со долговите и да започнете полека со намалување.
Кога рамнотежата помеѓу вашите приходи и расходи е нарушена, единствено решение или да почнете помалку да трошите или да заработувате повеќе.
Прв чекор: Пресметајте колку должите – Префрлањето од една сметка на друга е лажење себеси со правата бројка која навистина ја должите. Така можете да се лажете сѐ додека не...
Post Views: 1
Општина Охрид годинава подготвена за делување и одржување на локалните улици и селски патишта во зимски услови. Томе Џамтоски, општинскиот портпарол открива дека пред една недела општинските служби заедно со претставници од ЈП „Охридски Комуналец“, СВР Охрид ЈП „Македонија Пат“,фирмите Илинден и Викторија Инвест како и претставници од општина Дебрца во пресрет на зимската сезона одржале координативен состанок на кој ги дефинирале активностите по однос на чистење на улиците и патиштата во зимски услови на териториите на двете општини.
„Охрид веќе има изготвено оперативна...
Post Views: 3
На ФТУ стартуваше циклусот курсеви за готвачи, пекари, бармени и баристи за невработени лица од охридско преспанскиот регион. Интерес пројавиле околу 30-тина кандидати од регионов и Албанија кои ќе се доедуцираат за да бидат поконкурентни на пазарот на труд. Но има и такви кои биле на работа во странство, но се вратиле во државава.
Циклусот обуки се состои од 3 курсеви по готварство во трење од 18 дена, бармени и баристи по 14 дена и по пекарство. Интересот беше голем и за обуки за келнери , но заради недосток од финансиски средства тие ќе бидат дополнително организирани,...
Post Views: 20
Мистеријата на Мавровското Езеро, црквата „Св. Никола“ која поголем дел од годината е потопена под вода, викендов беше вистинска атракција за туристите во викенд-населбата поради ретката можност да стапнат во неа.
Викендов исполнетоста на Мавровското Езеро беше 40 проценти, па црквата беше на суво.
Таа е изградена во 1857 година во тогашното Мавровско Поле и во неа се до шеесетите години на минатиот век се одржувале богослужби. Интересно е што ѕидовите на објектот кој е во распаѓање, издржуваат под напливот на водата од Езерото, па дел од покривот ѕирка над водата...
Post Views: 1
Општина Дебрца во минусно салдо. Ваквата состојба ја наследил новиот градоначалник Зоран Ногачески според првите неофицијални податоци. Тој вели дека изминативе две недели неговиот тим детално ја скенира состојбата во општината и првичните подеатоци кои не се конечни, кажувале дека околу 8 милиони денари се доспеани обврски кон општината, неплатени.
„Иако поранешниот градоначалник на самото примопредавање кажа дека општината ја остава во позитива со 800 илјади…тој само ја спомна моменталната состојба на сметката. Меѓутоа за да имате една целосна претстава во каква...
Post Views: 41
Како Струга, нема друга, но се чини како да станува друга, реагираат стружани. Пет општински куќи во старото градско јадро, деновиве на лицитација. Општината веќе три од нив продала. Стружани реагираат, бараат Завод и Музеј на Охрид да поведе малку грижа и за културното наследство на Струга, бидејќи малку куќи останаа да зборуваат за минатото.
Првиот човек на Завод и Музеј, Тања Паскали Бунташеска, вели дека не држат коментарите на стружани оти во општината ништо не се прави за заштита на културното наследство. Признава дека неколку стари објекти го изгубиле статусот...
Post Views: 20
Министерството за економија ја објави листата на граѓани кои ќе добијат субвенциија за пвц прозори. Меѓу 1100 баратели од цела Македонија има само триесетина охриѓани. Ресорното министерство ќе исплати субвенции во висина од речиси 500.000 евра на граѓаните што вградиле нови алуминиумски и ПВЦ прозорци во нивните домови. Граѓаните во наредниот период може да очекуваат на нивните сметки да се префрлат по 500 евра државни субвенции. Министерството со воведување на овој проект ги поттикнува граѓаните да инвестираат во енергетската ефикасност на нивните објекти. Вградените...
Post Views: 5
ОВР Струга поднесе кривична пријава против Е.Ј.(34) од Прилеп и И.У.(40) од Велес, двајцата со привремен претстој во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „тешка телесна повреда” и „одземање моторно возило”.
Тие, казнените дела ги сториле на 02.11.2021 година во 23.40 часот во струшката населба „Плитишта” каде, со метални предмети физички го нападнале Ф.Н.(57) од Струга, а потоа му го одзеле неговото патничко моторно возило – информираат од СВР Охрид.
Post Views: 0
Со донација од турската агенција „Тика“ во Охрид се планира изградба на нова училишна зграда. Новата школа би се градела на местото на старата зграда на ОУ Братство Единство на улицата „7-ми Ноември “ која е изградена пред 7 децении и е едно од најстарите турски училишта во Р.Македонија. Иницијативата за изградбата на нова школа и контактите со ТА „Тика“ се на охриѓаните Ајнур и Хулија Абдула, Фарије Реџеп и Емир Муфти. Еден од иницијаторите за изградба на нова школа е Емир Муфти , претседател на Совет на родители ОУ „Братство Единство“. Тој кажува декаидејата и контактите...
Post Views: 3
Денеска од државниот инспекторат за животна средина информираа дека во петокот на 27ми август, извршиле контролен инспекциски надзор на депонијата Буково.
Надзорот следи по претходно издадено Решение на ЈП Охридски Комуналец, со кое правниот субјект беше задолжен да ја изгаси депонијата и континуирано да ја прекрива со земја. Инспекторите констатирале дека на лице место има појава на горење на депонијата на неколку локации од кои има густ чад. Депонираниот отпад не бил израмнет и прекриен со земја.
На лице место имаше булдожер кој го рамнеше депонираниот отпад, а немаше...