На ФТУ започнаа обуки по готварство

На ФТУ започна циклус курсеви по готварство за повртаници од странство и за невработени лица. За неколку дена ќе следуваат и обуки за пекари, баристи и бармени. Проектот има за цел стекнување  дополнителни вештини од неколку области од угостителството преку преквалификации.

 |  Валентина Неловска  | 

На ФТУ стартуваше циклусот курсеви за готвачи, пекари, бармени и баристи за невработени лица од охридско преспанскиот регион. Интерес пројавиле околу 30-тина кандидати од регионов и Албанија кои ќе се доедуцираат за да бидат поконкурентни на пазарот на труд. Но има и такви кои биле на работа во странство, но се вратиле во државава.

Циклусот обуки се состои од 3 курсеви по готварство во трење од 18 дена, бармени и баристи по 14 дена и по пекарство. Интересот беше голем и за обуки за келнери , но заради недосток од финансиски средства тие ќе бидат дополнително организирани, напоменува Василеска. Таа ги посочува истражувањата кои покажале дека во угостителството за овие четири професии има дефицит и се потребни кадри за овој сектор.

„На овој начин, иако 18 дена за обуки на кувар е краток период, но тоа е поставување на темели. Со дополнително ангажирање на вештини и знаења целта е во овој момент да се мотивираат и заинтерсираат кандидатите за ова професија“, вели професорката.

Со проектот е предвидено кандидатите да се вмрежат со бизнис секторот. Се планира издавање на брошура со информации за кандидатите кои ќе бидат лесно достапни за угостителскиот сектор. Проектот се реализира со финансиска поддршка на германската влада. 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top