Повторно инспекција на Буково и глоби за Охридски Комуналец

Денеска од државниот инспекторат за животна средина информираа дека во петокот на 27ми август, извршиле контролен инспекциски надзор на депонијата Буково.

 |   | 

Денеска од државниот инспекторат за животна средина информираа дека во петокот на 27ми август, извршиле контролен инспекциски надзор на депонијата Буково.

Надзорот следи по претходно издадено Решение на ЈП Охридски Комуналец, со кое правниот субјект беше задолжен да ја изгаси депонијата и континуирано да ја прекрива со земја. Инспекторите констатирале дека на лице место има појава на горење на депонијата на неколку локации од кои има густ чад. Депонираниот отпад не бил израмнет и прекриен со земја.

На лице место имаше булдожер кој го рамнеше депонираниот отпад, а немаше екипи кои го гаснат опожарениот дел, велат од инспекторатот. Истиот ден издадено е ново Решение во инспекциска постапка со мерки за гасење на депонијата. Истотака изречени се нови втори парични санкции за правното лице во висина од 6.000 евра и 800 евра за одговорното лице во денарска противвредност. Доколку од страна на правното лице не биде постапено по претходното издадено решение ќе бидат изречени нови санкции согласно законот, порачуваат од инспекторатот за животна средина.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top