Дали Струга се менува?

Продаден дел од атрактивните стари општински куќи во Струга. Граѓаните револтирани велат, не остана ништо од културното наследство и сметаат дека нема кој, истото да го заштити. Од Завод и Музеј не се согласни ваквото мислење на граѓаните.

 |  Николоска Биљана  | 
kuka struga
куќа струга

Како Струга, нема друга, но се чини како да станува друга, реагираат стружани. Пет општински куќи во старото градско јадро, деновиве на лицитација. Општината веќе три од нив продала. Стружани реагираат, бараат Завод и Музеј на Охрид да поведе малку грижа и за културното наследство на Струга, бидејќи малку куќи останаа да зборуваат за минатото.

paskaliПрвиот човек на Завод и Музеј, Тања Паскали Бунташеска, вели дека не држат коментарите на стружани оти во општината ништо не се прави за заштита на културното наследство. Признава дека неколку стари објекти го изгубиле статусот на заштитени добра, затоа што објектите повеќе не постојат и на нивно место изградени се нови. Но сепак упати апел до стружани.

„Не е точно дека НУ Завод и Музеј не се грижи за Струга, континуирано изработуваме заштитно конзерваторски основи за она што ќе ни биде побарано. А за она за што денес вие прашувате не сме запознати-вели Паскали.

Продажбата на куќите привлече големо внимание во струшката јавност. Се зборува дека тие се продадени по многу ниски цени. Ваквите муабети секретарот на општина Струга Зоран Гулицоски ги отфрла како неточни и подвлече дека лицитацијата за продавање на општинските куќи била спроведена со транспарентна постапка, претходно изгласана со одлука на Советот и објавена во службен весник и во два печатени медиуми на албански и македонски јазик. Тој додава дека станува збор за 6 стари објекти за кои општината требало да вложи огромна сума на средства за да ги зачува во своја сопственост. Бидејќи општината нема средства одлучила да ги продаде.

stara kuka„На сите објекти имаат конкурирано по неколку наддавачи дури за еден објект кој е лоциран на ул. Боро Шаин, достигна цена на 180 000 евра, а за која почетна цена беше 18 000 евра“– вели Гулицоски.

И останатите објекти се продадени по многу повисока цена од почетната, тврди Гулицоски. Останале уште 3 објекти за лицитација, а за веќе продадените во тек е пстапка на проверка на документацијата за склучување на купопродажен договор.
Во дел од општинските куќи долги години живееа социјални семејства. Општината во моментов нема решение за нивно згрижување, бидејќи според Гулицоски друга институција треба да се грижи за нив. Секретарот исто така кажа дека на  семејствата кои живеат во овие куќи им  било понудено да учествуваат на јавната лицитација, но тие се изјасниле дека немаат пари за тоа.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top