Две лица нападнале стружанец и му го одзеле возилото

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Е.Ј.(34) од Прилеп и И.У.(40) од Велес, двајцата со привремен претстој во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „тешка телесна повреда” и „одземање моторно возило”.

 |   | 

Тие, казнените дела ги сториле на 02.11.2021 година во 23.40 часот во струшката населба „Плитишта” каде, со метални предмети физички го нападнале Ф.Н.(57) од Струга, а потоа му го одзеле неговото патничко моторно возило – информираат од СВР Охрид.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top