Post Views: 0
Германскиот производител на автомобили Audi објави дека 2,1 милиони возила ширум светот се опремени со истиот софтвер кој овозможува измама на тестовите за емисија на штетни гасови.
Околу 1,42 милиони возила со таканаречениот EU5 мотори имаат вграден софтвер во западна Европа, од што 577.000 во Германија. Во САД има околу 13.000, рекол портпаролот на компанијата. Станува збор за возилата A1, A3, A4, A5, A6 TT, Q3 и Q5, додал тој.
VW минатата недела призна дека 11 милиони дизел автомобили ширум светот се опремени со уреди кои овозможуваат измама на еко-тестот, а извршниот...
Post Views: 1
Предлог-одлуката за измена на статутот на ЈП „Нискоградба“ во однос на условите кои треба да ги исполнува директорот на претпријатието, причина за дебата помеѓу советниците од ВМРО ДПМНЕ И СДСМ на денешната седница на градскиот совет. Координаторот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ, Кирил Пецаков рече дека постапките за јавни претпријатија се регулирани со Законот. Управниот одбор на ЈП „Нискоградба“ е невозможно да интервенира и да врши своеволно измени во статутот, додава тој. Координаторот на советниците од СДСМ, Константин Георгиевски, пак појасни дека се менуваат...
Post Views: 3
Предлог одлуката за давање согласност на Одлуката за утврдување на висината на надоместокот на услугите што ги врши ЈП „Градски пазар“, создаде дилема кај советниците од ВМРО ДПМНЕ. Тие во име на пазарџиите прашуваа дали и колку ќе се покачат цените кои ги плаќаат закупците на тезги. Константин Ѓеоргиевски, координаторот на советничката група на СДСМ објасни дека во целокупниот ценовник на Градски пазар има само законско регулирање на одредени услуги кои ги давал градски пазар, а досега не биле регулирани со закон. Станува збор само за воведување ред во издавањето на...
Post Views: 5
Нелегални продавачи на плински боци ги манипулираат граѓаните. Лажно се претставуваат дека се партнери со Макпетрол , а за услугата – минимално наплаќаат . 24 Вести стапи во контакт со еден од овие препродавачи – транспортот , монтирањето и боцата ќе не чинело само 20 денари поскапо отколку самите да си го купиме од легалните продавачи.
Од Макпетрол која е лиценциран дистрибутер за гас велат дека никогаш не соработувале со никого. Тврдат дека на терен се повеќе има диви продавачи. Предупредуваат дека тие плински боци можат да бидат половично наполнети или пак...
Post Views: 1
Курајчани денеска преку мирен протест го изразија својот револт кон ЕВН Македонија, поради зачестените прекини на електро снабдувањето во ова охридско село. Тие од ЕВН побараа, под итно да предложат план за неопходни инвестиции и изградба на нов систем за пренос на електрична енергија, исто така побараа ЕВН за секакви дополнителни планови да се консултира со месната заедница како и тоа, за понатамошниот тек на работите мештаните писмено да бидат известени. Претседателот на М.З. Горан Ангелоски укажа на застареноста и неодржливоста на системот на пренос на постоечката...
Post Views: 4
Струшките земјоделци на истекот на оваа календарска година ја дочекаа програмата за рурален развој за 2012. Станува збор на популарната програма „педесет проценти“, вели Слаѓана Калајџиеска Бебекоска, од Агенцијата за поттикнување и развој на земјоделството во Струга. Таа појасни дека програмата се однесува на набавка на земјоделска механизација.
„Набавка на трактори и друга опрема во земјоделството, за која што најпрво земјоделците конкурираат односно бараат да им биде одобрена набавка, а ако склучат договор после тоа добиваат 50% од инвестираните средства“-вели Бебекоска.
Интересот...
Post Views: 0
Министерството за образование и наука упати препораки општините и училиштата да го почитуваат правилникот за исхрана на учениците усвоен во 2014 година. Најавија законски измени за да го следат спрoведувањето на Правилникот за исхрана на учениците. ТВМ ги контактираше директорите на неколку охридски училишта во однос на препораките на МОН. Дел од нив изјавија дека веќе формирале комисии со кои ќе се разгледуваат препораките. Најавија колективно видување на состојбите по што ќе следи нивно изјаснување. Некои напоменуваат дека без помош на државата тешко може да се спроведе...
Post Views: 5
„Галичица е тивка. Критизерите и оние малку симпатизери конечно можат да здивнат, порачаа денеска охридските пожарникари.
Тие објаснуваат дека се до 05ти септември, иако добивале милион повици и воедно биле спремни да одговорат на нив, по проценка на институции надлежни за оценка на состојбата, не и било дозволено на територијалната против пожарна единица да пристапи кон локализирање и ликвидирање на пожарот на Галичица.
Во неделата во раните утрински часови бевме посетени од Градоначалникот по чија иницијатива заедно заминавме во уште една проценка на ситуацијата...
Post Views: 1
Иако со резултати далеку послаби од своите можности, охридските јуниорки повторно на првите четири позиции во јуниорска категорија на самиот старт на натпреварувачка сезона. Имено викендов на стрелиштето во гимназијата “Раде Јовчески Kорчагин” во Скопје се одржа првиот Куп во гаѓање со воздушно оружје меѓународна програма, на кој учество зедоа околу 50тина учесници во дисциплина пушка и пиштол. Анастасија Мојсовска од стрелачкиот клуб Охрид се искачи на првата позиција во јуниорска категорија со разултат од 576 испукани круга или четврта позиција во севкупна...
Post Views: 2
Врнежите од дожд и топењето на снеговите што го зголемија нивото на Охридското езеро, на површина ги извади и првите проблеми во делови на охридското крајбрежје. Концесионерите на дел од плажи стравуваат дека ќе ги изгубат плажите. Тие укажаа дека површината на дел капалиштата се половина под вода и се загрижени поради ваквата состојба.
„Границата веќе е критична. Како што може да видите половина од плажите веќе се под вода. Конкретно на мојата плажа е нешто повеќе. Првиот посериозен бран ќе направи уште поголеми штети. Ние сме навикнати ова не е прв пат. Во последните...
Post Views: 7
Охриѓани плаќаат поскап дизел, зголемени се цените на производите и јавниот градски превоз, зголемена е цената на водата а поскапеа сметките за нискоградба, обвинија на денешната пресс конференција од ОК на ВМРО ДПМНЕ. Посочија дека управниот Одбор на ЈП „Градски Пазар“ на седницата одржана на 23.2.2018 донел одлука со која се утврдува зголемување на висината на услугите за тезги за продажба на земјоделски и занаетчиски производи.
Дали СДСМ свесно бара начини како повеќе да собира од граѓаните и сака да ги доведе пазарџиите до питачки стап, знаејќи дека и со новиот закон...
Post Views: 2
Швајцарските регулатори за заштита на пазарното натпреварување објавија дека покренале истрага против група на банки со сомнение дека договарале цени на племенитите метали.
Комисијата за пазарно натпреварување (COMCO) покрена истрага против две швајцарски банки UBS, и Julius Baer, но и против странските финансиски институции Deutsche Bank, HSBC, Barclays, Morgan&Stanley и Mitsui, се наведува во соопштението.
Регулаторите напоменуваат дека располагаат со докази дека банките можеби склучувале незаконски договори за поткопување на пазарното натпреварување во трговијата...