ТППЕ Охрид : Галичица е тивка

Екипи на НП Галичица и денеска се на терен во контрола на подрачјето кое беше зафатено од пожар. Се огласија охридските пожарникари кои порачаа дека Галичица е тивка, а критизерите и оние малку симпатизери конечно можат да здивнат.

 |   | 

„Галичица е тивка. Критизерите и оние малку симпатизери конечно можат да здивнат, порачаа денеска охридските пожарникари.

Тие објаснуваат дека се до 05ти септември, иако добивале милион повици и воедно биле спремни да одговорат на нив, по проценка на институции надлежни за оценка на состојбата, не и било дозволено на територијалната против пожарна единица да пристапи кон локализирање и ликвидирање на пожарот на Галичица. 

Во неделата во раните утрински часови бевме посетени од Градоначалникот по чија иницијатива заедно заминавме во уште една проценка на ситуацијата на терен. По враќањето од терен беше свикан кризниот штаб на општина Охрид и во консултација со сите засегнати страни беше одлучено да се пристапи кон гасење на пожарот – пишуваат пожарникарите на фејсбук.

Понеделникот утрото во 5 часот екипа од 30-тина лица, пожарникари, од Национален Парк Галичица, лица од Дирекцијата за заштита и спасување и Планинарската Спасителна Служба заминаа на терен. Благодарение на дождливото време пожарот беше ставен под контрола, но сеуште активен по што беше пристапено кон лоцирање и дејствување врз критичните точки.

Теренот лош и тешко пристапен, опремата на луѓето горе долу на исто годиште со гранатите по планината, но задачата успешно завршена за конечно да здивните – велат од охридската пожарна. 

Оттаму упатуваат пофалба до припадниците на Планинската Спасителна служба потенцирајќи дека со нивната современа опрема и искуство на терен успешно и ефикасно ги воделе пожарникарите до критичните точки за конечно ликвидирање на пожарот. Пожарникарите воедно се заблагодаруваат за поддршката и за позитивните критики порачувајќи дека тие се секогаш тука за граѓаните.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top