Одличен старт на охридските стрелачки надежи

Иако со резултати далеку послаби од своите можности, охридските јуниорки повторно на првите четири позиции во јуниорска категорија на самиот старт на натпреварувачка сезона.

 |   | 

Иако со резултати далеку послаби од своите можности, охридските јуниорки повторно на првите четири позиции во јуниорска категорија на самиот старт на натпреварувачка сезона. Имено викендов на стрелиштето во гимназијата “Раде Јовчески Kорчагин” во Скопје се одржа првиот Куп во гаѓање со воздушно оружје меѓународна програма, на кој учество зедоа околу 50тина учесници во дисциплина пушка и пиштол. Анастасија Мојсовска од стрелачкиот клуб Охрид се искачи на првата позиција во јуниорска категорија со разултат од 576 испукани круга или четврта позиција во севкупна пласман жени. Мартина Петровска второпласирана со резултат од 569 испукани круга или шесто пласирана во севкупна категорија. Јана Марковска трето пласирана со резултат од 555 испукани круга и четврто пласирана во јуниорска категорија со 551 испукани круга заврши Јована Милевска. На овој натпревар повторно беа оценувани погодоците на цели кругови, а не на децимали и тоа без апарат за оценување и без гурка со што повторно се става под знак прашалник веродостојноста на оценетите резултати.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top