ОПАСНО: Нелегални продавачи на неисправни плински боци

Нелегални продавачи на плински боци ги манипулираат граѓаните.

boci
боци

Нелегални продавачи на плински боци ги манипулираат граѓаните. Лажно се претставуваат дека се партнери со Макпетрол , а за услугата  – минимално наплаќаат . 24 Вести стапи во контакт со еден од овие препродавачи – транспортот , монтирањето и боцата ќе не чинело само 20 денари поскапо отколку самите да си го купиме од легалните продавачи.

bociОд  Макпетрол која е лиценциран дистрибутер за гас велат дека никогаш не соработувале со никого. Тврдат дека на терен се повеќе има диви продавачи. Предупредуваат дека тие плински боци можат да бидат половично наполнети или пак со технички поминат рок.
Од Макпетрол најавија дека  за случајов ќе ги известат  надлежните институции бидејки ризиците за несакани последици се големи.
Во поголемиот дел од несреќните случаи при експлозија на плинска боца во станбен и деловен објект – причината била токму неиспавната или дотраената нејзина состојба.

Огромен безбедносен ризик за граѓаните претставува дистрибуцијата на гас во плински боци на кои е истечен техничкиот рок за употреба кој трае само 5 години. А посебен проблем е нивното полнење на  пумпите за авто-гас со помош на адаптери. Кога на ваков начин се полнат  боците по 10-на пати добро упатените предупредуваат дека тоа е веќе темпирана  подвижна бомба.
 
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top