Post Views: 3
По налог на Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици, изминатиов период се врши санација на ударните дупки низ градот. Моментално, градежните активности се одвиваат на улица „Богомилска“, во близина на ординацијата „Сонце.
Во изминатиот период се санираа ударните дупки на повеќе улици во градот и тоа на улиците „7. Ноември“, „Јане Сандански“, „Македонски Просветители“, „Димитар Влахов“, Кеј „Македонија“ и „Абас Емин“, „Партизанска“, „АСНОМ“, „Серафим Китаноски“, „Славеј Планина“, „Галичица“, „Димитар Влахов“, „Егејска“, „Кленоец“, „Васил Главинов“, „Ѓорче...
Post Views: 5
Германските власти го уапсиле трговецот со оружје кој на терористите на Исламската држава, кои ги изведоа нападите во Париз, им продал автоматски пушки.
Спрема документите кои истражителите им ги доставиле на државниот обвинител, напаѓачите од Париз, четири калашникови нарачале преку интернет од 34 годишен шверцер со оружје во Германија на почетокот на ноември, известува Bild, а пренесува RT.
Четирите автоматски пушки, две АК-47 произведени во Кина и две М70ѕ произведени во Застава во некогашна Југославија, осомничениот Sascha W. од Baden-Wurttemberh на 7 ноември им...
Post Views: 2
Од денес МЈП Проаква го презема во владение водоводот на месната заедница Долно Лакочереј. Најавуваат дека управувањето со останатите селски водоводи ќе следува наскоро. Советот на општина Охрид даде согласност за предавање во владение почитувајќи ги најновите измени во Законот за вода. Со тоа водоводното претпријатие Проаква гаранатира дека жителите од ова охридско село ќе пијат и ќе се снабдуваат со квалитетна вода. Покрај тоа ќе имаат и техничката поддршка за сите проблеми кои ќе се случат на цевководот, информира Владимир Алексијоски директор на МЈП Проаква. Од...
Post Views: 7
Полицијата против насобраните демонстранти во врска со судските пресуди за случајот „Монструм“ употреби шок-бомби, за да ги одврати од кај Основниот суд-Скопје кон Јајапашината џамија.
Демонстрантите фрлиле солзавец кон полицијата и новинарските екипи. Според првичните информации, најмалку двајца се приведени од полицијата.
Околу илјада насобрани лица по попладневната молитва тргнаа од кај комплексот Чаирчанка, организирани преку социјалните мрежи, на протести против максималните доживотни затворски казни за шестмината обвинети во случајот петкратно убиство на Смилковското...
Post Views: 0
Градоначалникот Јован Стојаноски, денес оствари средба со амбасадорот на Руската федерација во Република Македонија, Сергеј Баздникин. Ова е прва посета на новоименуваниот руски амбасадор на Охрид. На средбата присуствуваше и Велимир Стојкоски, почесниот конзул на Русија во Македонија, со седиште во Охрид.
На средбата во пријателска и срдечна атмосфера, беа потврдени пријателските односи меѓу двете земји и народи и заложбите за нивно продлабочување и развивање.
Соговорниците истакнаа дека има простор за подобрување на економската соработка, посебно во областа на туризмот...
Post Views: 7
Струга се наоѓа пред големо ракометно уживање. Утре на Женска плажа започнува 41 от меѓународен ракометен турнир „Струга 2013“. Подготовките околу годинешното издание на меѓународниот турнир се одвивале речиси 8 месеци, со цел оваа традиционална ракометна манифестација да биде организирана во најдобро светло, изјави претседателот на турнирот Лилјана Затуроска.
„На ова отворено ракометно игралиште покрај охридското езеро како што забележувате сеуште сме во припрема за утрешниот настан кој што ќе се случи, припремите се при крај значи имаме ново асфалтирано игралиште...
Post Views: 1
Во однос на Предлог -одлуката за утврдување нацрт- детален урбанистички план за УЗ 2, УБ 2.3-опфат 5, КО Охрид 3, Oпштина Oхрид , плански период 2013–2018, што се најде на дневен ред на 17-та седница на Советот на Општина Охрид , градоначалникот Стојаноски за медиумите изјави:
– Станува збор за точка на дневен ред на Советот на општина Охрид која е Нацрт урбанистички план. Треба да знаат и граѓаните дека во ваков случај најпрво следува Јавна расправа , по што се изработува предлог урбанистички план, по што во финална фаза е усвојување или не усвојување на тој...
Post Views: 2
Заменикот окружен јавен обвинител на Окружното јавно обвинителство Перник Бисер Јорданов Михајлов и истражителот во Националната истражна служба на Република Бугарија Младен Христов Петров денеска од јавниот обвинител на Република Македонија, Љубомир Јовески ќе ги преземат материјалите поврзани со истрагата и со идентификацијата на жртвите во тешката автобуска несреќа во Бугарија.
Преземањето на материјалите, како што соопшти ЈО, ќе биде во просториите на Јавното обвинителство на Република Македонија.
Post Views: 0
Синоќа во х.Метропол започна со работа 6 Конгрес на психијатрите на Македонија. “Психијатријата и менталното здравје во 21 век“ е темата на која ќе расправаат македонските психијатри и еминентни стручњаци од светот. Пред учесниците во името на градот домаќин, се обрати заменик градоначалникот Константин Георгиески.
– Велат дека човек се чувствува свој на своето, кога е во опкружување на луѓе со кои ја дели истата професија. Денес јас ја имам честа како ваш колега, а како домаќин, во свое име и во името на граѓаните на Охрид да ви посакам топло добредојде во Охрид...
Post Views: 4
Родителите се жалат дека во школите недостасуваат учебници по повеќе предмети во различни одделенија. На таква состојба се укажува и во анкетата на тема образование во рубриката ТИ СИ ТВОЈОТ ГРАД. За овој проблем реакции стигнале и до Народниот правобранител, информираа од канцеларијата на Омбдусманот. Проблем има и во четврто одделение. Според новата образовна концепција учениците треба да користат е-учебници, за што треба да поседуваат таблети на кои ќе ги спуштат или сами да си ги испечатат, затоа што училиштата не обезбедуваат печатени материјали.
Мила Цароска, министерката...
Post Views: 4
Во Основното училиште „Христо Узунов“ , вечерва градоначалникот Јован Стојаноски, рускиот амбасадор во Република Македонија Сергеј Александрович Баздникин и почесниот конзул и директор на Рускиот центар при Универзитетот „ Св. Кирил и Методиј“ Велимир Стојкоски, присуствуваа на првиот час на бесплатните курсеви по руски јазик.
На курсевите по руски јазик, кои започнаа минатата година запишани се шеесетина посетители, од кои половината се почетници од различни старосни групи. Изучувањето на странски јазици е богатство за луѓето и затоа сметам дека со организирањето...
Post Views: 1
25 милиони евра изнесува долгот на Општина Охрид, покажале сеопфатните анализи на Секторот за финансии при локалната самоуправа. Скоро половина од долгот отпаѓа на натрупани затезни камати кои и понатаму од ден на ден ја обременуваат задолженоста на градот. Охрид како најзадолжена општина во државава има можност, со најавената помош од Владата, конечно финансиски да се консолидира. Општината ќе добие неповратни средства за да покрие 51% од пријавените обврски но од локалната со тие средства планираат да сервисираат многу поголем процент.
„Тоа ќе биде огромен бенефит...