Проаква го доби во владение водоводот во селото Долно Лакочереј

Проаква го доби во владение водоводот во селото Долно Лакочереј. Со новите измени во Законот за води само претпријатијата кои стопанисуваат со вода за пиење имаат право да управуваат со системите за водоснбдување . Анализите на водата направени од центарот за јавно здравје подолго време покажуваа дека жителите од повеќе селски водоводи  пијат бактериолошки неисправна вода .

 |  Валентина Неловска  | 

 Од денес МЈП Проаква го презема во владение водоводот на месната заедница Долно Лакочереј. Најавуваат дека управувањето со останатите селски водоводи ќе следува наскоро. Советот на општина Охрид даде согласност за предавање во владение почитувајќи ги најновите измени во Законот за вода. Со тоа водоводното претпријатие Проаква гаранатира дека жителите од ова охридско село ќе пијат и ќе се снабдуваат со квалитетна вода. Покрај тоа ќе имаат и техничката поддршка за сите проблеми кои ќе се случат на цевководот, информира Владимир Алексијоски директор на МЈП Проаква. Од идната недела ќе почне склучувањето на договорите за водоснабдување на жителите.

„ Ние ќе направиме анализи што имаме на терен. Во каква состојба е цевководот, извориштата, пумпите, сите работи. Од наредната недела ќе излеземе на терен и на сите корисници во Долно Лакочереј ќе направиме промена на броилата“, вели Алексијоски.

Подолго време анализите од испитуваните примероци покажуваат дека во повеќе селски водоводи во охридско водата за пиење е небезбедна за употреба. Со водовдните системи во селата Косел, Куратица, Свиништа, Опеница, Завој управуваат месните заедници и недостасува хлорирање на водата. Месните заедници не ги даваа на управување на ЈП. Нивно образложение е дека водоснабдителната мрежа е градена со месен самопридонес на жителите. Сега со најновите законски измени се одземаат водоводите од месните заедници и се доделуваат на водоводните претпријатија. Пазарење за условите со корисниците нема да има. Условите ќе важат за сите исто, најавува Алексијоски.

„Условите за водоснабдување се исти. Ние како ЈП сме должни да ја донесеме водата во состојба за пиење да се задоволат стандардите и да излеземе на терен при одредени проблеми. Како за сите корисници така и за жителите од Долно Лакочереј условите и цената на чинење на водата ќе бидат исти“, кажува директорот на Проаква.

Од Центарот за јавно здравје, пак во повеќе наврати укажуваа на присуство на бактерии во водата во селските водоводи .Бараа од инспекторите за храна и ветеринарство да преземат мерки за правилно третирање на водата за пиење во селските водоводи. 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top