Со помошта од државата Охрид планира да сервисира дури 80% од долгот на општината

Вкупните долгови на општина Охрид,  по основ на главница и камати изнесуваат околу 25 милиони евра, вели секретарот на општина Охрид Игор Бежоски.  Со најавената финансиска инјекција од државата, локалната власт има намера да изменаџира сервисирање на 80% од долгот.

 |   | 

25 милиони евра изнесува долгот на Општина Охрид, покажале сеопфатните анализи на Секторот за финансии при локалната самоуправа. Скоро половина од долгот отпаѓа на натрупани затезни камати кои и понатаму од ден на ден ја обременуваат задолженоста на градот. Охрид како најзадолжена општина во државава има  можност, со најавената помош од Владата, конечно финансиски да се консолидира. Општината ќе добие неповратни средства за да покрие 51% од пријавените обврски но од локалната со тие средства планираат да сервисираат многу поголем процент.

„Тоа ќе биде огромен бенефит за нас. Иако покривањето на обврските и давањето финансиската инјекција е до 51% ние со тој износ кој ќе го добиеме од Влада на РМ , нормално и во зависност од нашите менаџерски способности се надеваме да успееме да покриеме барем 80% од долгот на општината.“ – вели Бежоски, Секретар на Општина Охрид.

Имавме јавен повик врз основа на кој се склучија спогодби со одреден број доверители и на таков начин ние и досега остваривме заштеда од преку 300 000 евра со тоа што доверителите се откажаа од каматата која ја побаруваат, кажува секретарот Бежоски.

„ Тој принцип планираме да го продложиме со тоа што комисијата која е формирана да преговара со доверителите би продолжила на тој начин . Се надеваме дека ќе наидеме на  соработка и добра волја бидејќи во најголем дел се работи за долгови кон доверители од охридскиот регион и на таков начин и тие би помогнале за побрзо одблокирање на нашиот град.“ – изјави Бежоски.

Градот најголеми износи им должи на градежните фирми Гранит и Илинден. Селективност и фаворизирање кон одредени доверители, при сервисирањето на долговите, ниту смее ниту ќе има, дециден е Бежоски. Тој ги поздравува механизмите на Министерството за финансии кои во иднина ќе имаат за цел да не се трупаат долгови во општините.  Се предлагаат измени на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа со воспоставување на фискално правило при проектирање на буџетот тој да не надминува 10 % од просечен  реализиран буџет во последните 3 години. Дополнително општините ќе мора јавно да ги објават податоците за тоа како ги трошат парите на граѓаните.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top