СЕ САНИРААТ УДАРНИТЕ ДУПКИ НИЗ ГРАДОТ

По налог на Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици, изминатиов период се врши санација на ударните дупки низ градот.

 |   | 

По налог на Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици, изминатиов период се врши санација на ударните дупки низ градот. Моментално, градежните активности се одвиваат на улица „Богомилска“, во близина на ординацијата „Сонце.

Во изминатиот период се санираа ударните дупки на повеќе улици во градот и тоа на улиците „7.  Ноември“,  „Јане Сандански“,  „Македонски Просветители“, „Димитар Влахов“, Кеј „Македонија“ и „Абас Емин“, „Партизанска“, „АСНОМ“, „Серафим Китаноски“, „Славеј Планина“, „Галичица“, „Димитар Влахов“, „Егејска“, „Кленоец“, „Васил Главинов“, „Ѓорче Петров“, „Марко Нестороски“, „Анастасија Узунова“, „Сирма Војвода“ , „ Дејан Војвода “, „Ванчо Питошески“ и „Мирче Ацев“. Исто така саниран е и паркинг просторот кај  ЈП „Градски гробишта“.

Вкупно до овој момент поставени се 581.198 тони асфалт, во вкупна вредност од 2,629,907.00 денари. Активностите за санација на ударните дупки ќе продолжат и во наредниот период според претходно утврдениот план и распоред.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top