• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • ГРАДОНАЧАЛНИКОТ СТОЈАНОСКИ ОСТВАРИ СРЕДБА СО АМБАСАДОРОТ НА РУСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА СЕРГЕЈ БАЗДНИКИН

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ СТОЈАНОСКИ ОСТВАРИ СРЕДБА СО АМБАСАДОРОТ НА РУСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА СЕРГЕЈ БАЗДНИКИН

Градоначалникот Јован Стојаноски, денес оствари средба со амбасадорот на Руската федерација во Република Македонија, Сергеј Баздникин. Ова е прва посета на новоименуваниот руски амбасадор на Охрид. На средбата присуствуваше и Велимир Стојкоски, почесниот конзул на Русија во Македонија, со седиште во Охрид.

 |   | 

На средбата во пријателска и срдечна атмосфера, беа потврдени пријателските односи меѓу двете земји и народи и заложбите за нивно продлабочување и развивање.

Соговорниците истакнаа дека има простор за подобрување на економската соработка, посебно во областа на туризмот и јакнење и развивање на одличните културни врски. Во таа насока беше изразено двострано задоволство од соработката на фестивалот “Охридско Лето“ со руските уметници и институции, кои се редовни учесници на фестивалот.

Стојаноски и Баздникин се согласија дека треба сериозно да се разгледаат можностите за воспоставување на авионска чартер линија меѓу Охрид и Москва, со што ќе се зголеми бројот на руските туристи во Охрид и Македонија. Разгледана беше можноста  за збратимување со градот Подолск, со кој Општина Охрид има потпишано протокол за соработка.

Попладнево градоначалникот Стојаноки и амбасадорот Баздникин, ќе го посетат ОУ “Христо Узунов“ каде веќе втора година факултативно се изучува рускиот јазик.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top