Post Views: 1
Оштетувањата на градското пристаниште во Охрид ќе бидат санирани од на есен. Според планот за јавни набавки за 2019та година, Министерството за транспорт и врски и Капетанија на пристаништа издвоија околу 8 милиони денари буџетски средства. за санација на конструктивниот дел и продлабочување на пристаништата во Охрид и Св Наум. Досега не е направена санација со оглед на тоа дека не може со сигурност да се знае каква ќе биде хидролошката состојба во моментот кога ќе дојдат роковите за изведување на работите. При висок водостој не може ефективно да се заврши работата,...
Post Views: 2
„Поезијата не познава граници и далечини. Родното место е како утопија, место за душата каде мирот целосно се реализира. Поезијата има моќ да ја направи туѓата земја како родно место.“ Со овие зборови, годинешниот лауреат на Струшките вечери на поезијата, јужнокорејскиот поет Ко Ун ја појасни својата врска со Струга, со Миладиновци и потребата и желбата да биде дел од една од најзначајните поетски манифестации во светот.
„Благодарение на топлото гостопримство од Мите Стефоски, Славе Димоски и сите соработници на Струшките вечери на поезијата и дамите и господа поети...
Post Views: 1
Со концептот „За убав град“ наша заложба е создавање квалитетни спортски кадри и спортисти, кои ќе го промовираат спортот и Охрид како спортски град , на прес конференција порача Кирил Пецаков координатор на советничка група на ВМРО-ДПМНЕ. Најави Младинско спортско лето – Спорт за младите, спорт за сите.
„ Целта ќе биде во летниот период анимирање и организација на повеќе спортски настани и презентација на различни спортови. Организација на меѓународен ракометен турнир за сениорски и младински категории. Возобновување на ракометниот турнир кој се организираше во...
Post Views: 8
Фактите говорат дека ниедна авторизирана вакцина против ковид-19 не содржи жив вирус кој предизвикува ковид-19. Така што вакцината не може да ве зарази со ковид-19. Симптомите кои се јавуваат после вакцинација се краткотрајни и се доказ за градењето на имунолошки одговор, а имунитетот не се создава инстантно, туку во период за неколку недели после втората доза. Во тој меѓупериод е можно да се заразите со ковид-19, но од самиот вирус кој би предизвикал инфекција, а не од вакцината.
Рецензираме пост на Фејсбук, во кој е изнесено анонимно наводно лично „искуство“, а ...
Post Views: 3
129 правни и физички лица чекаат на обештетување од државата по претрпените штети кое ги предизвика силниот ветар со брзина од 100 км/час, високите бранови и обилните дождови во март 2018 година. До општинската комисија за проценка на штети пристигнале 109 барања од физички лица, а останатите се од правни лица. Сопствениците на платформи кои претрпеа штети од силното невреме дел од штетите надоместиле со сопствени средства, но очекуваат и помош од држвата.
„ Јас очекувам дека ќе го реши и општината и Републиката, Владата. Имаме други лоши искуства, но се надевам дека...
Post Views: 2
Во петок на 08.10.2021 година, во големата сала при Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде изведена театарската претстава „Крик за љубов“ – Жозиен Баласко во режија на Љупчо Ѓоргиевски.
Претставата е со почеток од 20:00 часот, а влезот ќе чини 200 денари.
Картите се пуштени во продажба на билетарата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид. Телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066.
СОГЛАСНО ЗДРАВСТВЕНИТЕ ПРОТОКОЛИ СО ОГРАНИЧЕН БРОЈ НА ПУБЛИКА!
За влез потребно е да поседувате и приложите еден од следниве документи:
-сертификат/потврда...
Post Views: 4
Шахистите од ШК „ЛАСКЕР“ од Охрид на Државните првенства во шах за млади 2019г што се одржаа од 26 април до 01 мај 2019 година во хотел „Дрим”-Струга, во организација на Шаховската федерација на Македонија, постигнаа соилден успех.
На Поединечните првенствата на Северна Македонија за млади за 2019г учествуваа 83 млади шахисти поделени во седум категории.Ш. К. Ласкер Охрид учествуваше со 12 млади шахисти, нашите членови ги постигнаа следните резултати:
во категорија до 08 години момчиња Марко Котлар го освои 10 местово категорија до 10 години девојчиња златен медал...
Post Views: 0
Во рамките на програмата Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности (ЦКА-ПХВ), Црвен крст Охрид организира марш на еднаквоста „Мозаик“ под мотото „Секое камче е скапоцено“.
Целта е со овој марш да се поттикнат луѓето на заедништво, слога, еднаквост, хармонија, љубов и меѓусебно разбирање. Да ги оставиме поделбите зад нас, да покажеме дека нашата животна заедница е поубава кога сите живееме заедно во слога и пријателство, да ги надминеме предрасудите кои луѓето ги делат по вера, националност, боја на кожа.
Маршот ќе се одржи во петок, 3 мај, со почеток...
Post Views: 0
Годинава по шести пат во регионот ќе се одбележи Денот на реката Дрим. Овој проект ги опфаќа реката Сатеска, Глобочичко Езеро и Дебарско Езеро, кои сите заедно се дел од Дримскиот басен.
Централниот настан ќе се одржи на 03.05.2019 година во Центар за култура во Дебар.Организатор на овој настан ќе биде Регионалниот Зелен Центар од Охрид, во партнерство со Центарот за одржлив развој на заедницата од Дебар. Проектот „ Дрим без пластика“ е финансиран од ГЕФ- Глобален еколошки фонд и неговите партнери. Регионалниот Зелен Центар во месец март аплицираше со проектот „Дрим...
Post Views: 1
Февруари 2016 е најтоплиот прв месец од годината забележан на планетата од почетокот на мерењата на температури од крајот на 19 век, објавила денес Американската океанска и атмосферска агенција.
Просечната температура на површината на океанот и копното во светот била за 1,04 степени повисока од просечните температури во 20 век, со што февруари стана најтоплиот прв месец од 1880 година наваму, надминувајќи го претходниот рекорд од 2007 година за 0,16 степени целзиусови, прецизира NOOA.
Воедно 2015 година во целина беше далеку најтопла која некогаш е забележано, објави...
Post Views: 1
Граѓаните сакаат промени, граѓаните сакаат дела, а не зборови. Ние сме тие коишто секогаш мислиме за доброто на граѓаните како во градот така и во приградски населби и руралните средини, кажа кандидатот за Градоначалник Митре Милошевски на денешната пресконференција која ја одржа во населбата Радојца Новичиќ.
„Приоритена задача е да ги исчистиме и уредиме речните корита на реките Сушица и на Коселска река во Долно Лакочереј. За учениците современи услови со реконструкција и доуредување на ОУ „Кочо Рацин“. Поставување автобуски постојки за жителите да имаат услови да...
Post Views: 0
Високата школа за новинарство и за односи со јавноста, во соработка со Амбасадата на САД во Македонија го објавува конкурсот за најдобар средношколски медиумски производ „Изрази се преку медиумите“.
Учениците и училиштата може да аплицираат на конкурсот со фотоприказна, постер или едноминутнo видео на тема „(Де)конструирај ги медиумите: Најди го значењето зад пораката“.
Медиумскиот производ треба на оригинален начин да го открие значењето на медиумската порака објавена на телевизија, радио, печатен или онлајн медиум како вест или промотивна кампања. Средношколците треба...