Одличен успех на шахистката Емилија Лушеска

Шахистите од ШК „ЛАСКЕР“ од Охрид на Државните првенства во шах за млади 2019г што се одржаа од 26 април до 01 мај 2019 година во хотел „Дрим”-Струга, во организација на Шаховската федерација на Македонија, постигнаа соилден успех.

 |   | 

Шахистите од ШК „ЛАСКЕР“ од Охрид на Државните првенства во шах за млади 2019г што се одржаа од 26 април до 01 мај 2019 година во хотел „Дрим”-Струга, во организација на Шаховската федерација на Македонија, постигнаа соилден успех.

На Поединечните првенствата на Северна Македонија за млади за 2019г учествуваа 83 млади шахисти поделени во седум категории.
Ш. К. Ласкер Охрид учествуваше со 12 млади шахисти, нашите членови ги постигнаа следните резултати:

во категорија до 08 години момчиња Марко Котлар го освои 10 место
во категорија до 10 години девојчиња златен медал и пехар Емилија Лушеска, со право да ја претставува Република Северна Македонија на Европското поединечно првенство за млади за 2019г.
во категорија до 10 години момчиња Теодор Спасески го освои 11 место
во категорија до 12 години девојчиња Елена Лушеска бронзен медал, Елена Стојоска го освои 5 место
во категорија до 12 години момчиња Јулиан Матески сребрен медал, Матески Стефан 7 место, Николовски Михаил 8 место
во категорија до 14 години момчиња Константин Лушески 6 место, Велкоски Иван 8 место, Николовки Никола 10 место, Целески Никола 15 место

Комплетни резултати по категории можат да се видат на:
http://chess-results.com/tnr433049.aspx?lan=1&art=1&turdet=YES

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top