• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Милошевски: Инфраструктурните, водоснабдителни и канализациони системски решенија во приградските населби

Милошевски: Инфраструктурните, водоснабдителни и канализациони системски решенија во приградските населби

Кандидатот за Градоначалник на Охрид од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Митре Милошевски денеска на прес конференција во населбата Радојца Новичиќ презентира делови од изборната програма кои се однесуваат на инфраструктурата и водоводната мрежа во приградските населби.

 |   | 

Граѓаните сакаат промени, граѓаните сакаат дела, а не зборови. Ние сме тие коишто секогаш мислиме за доброто на граѓаните како во градот така и во приградски населби и руралните средини, кажа кандидатот за Градоначалник Митре Милошевски на денешната пресконференција која ја одржа во населбата Радојца Новичиќ.

„Приоритена задача е да ги исчистиме и уредиме речните корита на реките Сушица и на Коселска река во Долно Лакочереј. За учениците современи услови со реконструкција и доуредување на ОУ „Кочо Рацин“. Поставување автобуски постојки за жителите да имаат услови да чекаат на точно одредените локации. Асфалтирање на улиците „Прилепска“, „28 Април“ и на сите споредни улици во Радојца Новичиќ.“- најави Милошевски.

За потребите на жителите во овој дел на Охрид Милошевски кажа дека негова цел ќе биде изградба на повеќенаменско спортско игралиште како и детски игралишта на повеќе локации во неколкуте Урбани заедници. Вети реконструкција на тротоарите на улица „Радојца Новичиќ“ како и поставување улично осветлување, замена на азбесните цефки со нови пластични  на водоводната линија.

„Водоводна мрежа и атмосферска канализација на улица „Будва“. Фекална канализација на улица „Железничка“, „Будва“ и „Александар Турунџиев“. Асфалтирање на улици во село Горно Лакочереј и Долно Лакочереј. Овие дела се остварливи и нема да бидат како зборовите што беа зборови на СДСМ. Ветувањата на СДСМ и Констатин Георгиески останаа само празно слово напишано на хартија.“– кажа Милошевски.

Во програмата за убав град инфраструктурните, водоснабдителни и канализациони системски решенија се меѓу првите проекти затоа што се во интерес на граѓаните, како и за почиста и поздрава животна средина, порача Милошевски.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top