Театарската претстава „Крик за љубов“ во петок пред охриѓани

Театарската претстава „Крик за љубов” – Жозиен Баласко во режија на Љупчо Ѓоргиевски ќе биде изведена во петок на 08 октомври со почеток од 20:00 часот.

 |   | 

Во петок на 08.10.2021 година, во големата сала при Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде изведена театарската претстава „Крик за љубов“ – Жозиен Баласко во режија на Љупчо Ѓоргиевски.

Претставата е со почеток од 20:00 часот, а влезот ќе чини 200 денари.

Картите се пуштени во продажба на билетарата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид. Телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066.
 
СОГЛАСНО ЗДРАВСТВЕНИТЕ ПРОТОКОЛИ СО ОГРАНИЧЕН БРОЈ НА ПУБЛИКА!
За влез потребно е да поседувате и приложите еден од следниве документи:
-сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примена најмалку прва доза на вакцина против заразната болест COVID-19 и
-сертификат/потврда за прележан COVID-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.
-сертификатот/потврдата не се однесува за лица под 18 годишна возраст.
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top